На овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Вартоломеј, додека неговиот главен празник е на 11 јуни. Кога овој голем апостол беше распнат на крст во Албанопол Ерменски, христијаните го симнаа неговото тело и чесно го погребаа во оловен ковчег. Па бидејќи на неговиот гроб стануваа многубројни чуда, особено исцеленија на болни, заради што се зголемуваше бројот на христијаните, незнабожците го зедоа ковчегот со моштите и го фрлија во морето. Во исто време фрлија и четири други ковчези со мошти на четворица маченици: Папијан, Лукијан, Григориј и Акакиј.…
повеќе...Tag: мпц
Свети Јоаким Осоговски
Свети Јоаким Осоговски е еден од македонските светители, кој се подвижувал во Македонија во XI век. Според преданието, бил соподвижник на светите Прохор Пчински, Гаврил Лесновски и Јован Рилски. Житието на Јоаким Осоговски е зачувано во неколку ракописи, а најстариот потекнува од (XIII минеј) па од XV век кој бил пронајден во Синодолната библиотека во Софија. Но овој ракопис не бил целосен. Постои и белградски препис од XVI век кој бил повеќе пати реиздаван со српска рецензија. Инаку Стојан Новаковиќ сметал оти житието било составено некаде во XV или XVI…
повеќе...Преображение на Господ Исус Христос на Тавор
Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот. За да не ги раслаби Неговото страдање та да отпаднат од Него, Он, Премудроста, сакаше пред да се случат страдањата делумно да им ја покаже Својата Божествена слава. Затоа ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и излезе со нив ноќе на гората Тавор и овде се преобрази пред нив. И заблеска лицето Негово како сонце, а облеката му побеле како…
повеќе...Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан
Кога злите Евреи го убија со камења Свети Стефан, го оставија неговото тело да го изедат кучињата. Но Промислата Божја сакаше поинаку. Телото на маченикот лежеше на отворено место под градот два дена и две ноќи, а втората ноќ дојде Гамaлиил, учителот на Павле, а потаен ученик на Христа, го зеде телото, го однесе на својот имот во Кафаргамала и овде во една пештера го погреба чесно. Во истата пештера Гамалиил го погреба и својот пријател Никодим, којшто плачејќи над Стефановиот гроб умре. Овде Гамлиил го погреба и својот крстен…
повеќе...Св.Климент Охридски и Св.Пантелејмон
Денес празник посветен на Свети Климент Охридски и Свети Пантелејмон. Свети Климент, архиепископ Охридски; Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, кај што му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска…
повеќе...Празнична вечерна богослужба и свети литургии по повод празникот „Св.Петка“
По повод манастирската слава на манастирот „Света Петка“ – с. Велгошти, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека вечерва (7-ми август), во манастириот „Света Петка“, с. Велгошти, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19 часот. Утре, 8-ми август (петок), во манастирот „Света Петка“, – с. Велгошти, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, со почеток во 8:30 часот. Света архиерејска литургија, по повод празникот на „Света…
повеќе...Преподобен Наум Охридски Чудотворец
Денес празник, посветен на преподобен Наум Охридски Чудотворец. Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и…
повеќе...Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски
Овој светител беше родум од Антиохија и живееше во времето на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизувше крепко на Ливанската Гора и имаше од Бога голем дар на чудотворство. Како архиереј тргна да го проповеда Евангелието. Кога дојде во Охрид, Еразмо го воскресна синот на некој човек по име Анастас и го крсти овој човек. Во таа прилика крсти и мнозина други незнабошци и ги разори идолските жртвеници во Охрид. За ова беше обвинет кај царот Максимијан, којшто во тоа време престојуваше во Илирија. Царот го изведе пред бакарната статуа…
повеќе...Ќе се осветуваат новоизградените објекти и манастирската порта во комплексот „Св.Наум“
Манастирскиот комплекс Св.Наум од неодамна доби нов лик. Денес, на „Втор ден Духовден“, точно на пладне ќе биде осветена новоизградената манастирска порта и новоизградените објекти во комплексот „Св. Наум“. WebOhrid
повеќе...Светиот цар Константин и Светата царица Елена
Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав и трета против Византинците. Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот закитен со ѕвезди, а на крстот стоеше напишано: „Со ова победувај!“ Восхитен царот нареди да…
повеќе...