Св. маченик Талалeј. Рoдум oд Либан, oд таткo Вeрукиј и мајка Рoмилија; oсумнаeсeтгoдишнo мoмчe, личнo пo изглeд и тeлeсeн раст, сo жoлтoцрвeна кoса. Пo занимањe лeкар. Пoстрадал за Христа вo врeмeтo на царувањeтo на Нумeриј. Кoга храбрo ја испoвeдал свoјата вeра вo Христа Гoспoда прeд судијата-мачитeл, oвoј им нарeдил на двајцата џeлати, Алeксандар и Астeриј, сo сврдeл да му ги извртат кoлeната, да прoвнат врвка низ прoдупчeнитe кoски и да гo oбeсат на дрвo. Нo на џeлатитe нeкoја нeвидлива сила Бoжја какo да им гo oдзeла видoт, та намeстo Талалeја, тиe издупчилe eдна штица и ја…
повеќе...Tag: мпц
Свети Кирил и Методиј
Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј , како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (познат и како Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во православната македонска и општо во сесловенската историја. Во првата половина на IX в. словенските земји на Балканот биле своевидно јаболко на раздор меѓу…
повеќе...Свети Николај (летен)
Пренос на моштите. Во времето на царот Алексеј Комнен и патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради навалата на муслиманите на Ликија. Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во тоа време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на Светителот се случија многу чуда, како од допирот на моштите така и…
повеќе...Свети апостол и евангелист Јован Богослов
Најсаканиот Исусов ученик. Најмладиот од 12-те христови апостоли и еден од четворицата евангелисти, Јован е наречен апостол на љубовта. Присуствувал на најважните настани од животот на Исус Христос, а по Распетието ја зел Богородица кај себе и се грижел за неа како за вистинска мајка до нејзиното успение. Бил талентиран писател и имал моќ да ги објасни најдлабоките тајни на христовата наука поради што е наречен Богослов. Роден е во Витсаида, град на брегот на Галилејското езеро и е помлад брат на апостолот Јаков, според татко му наречен Заведеев. Татко му…
повеќе...Свети Великомаченик Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден
Ѓурѓовден се празнува на 6 мај. Тој се вбројува меѓу поголемите пролетни празници што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Житието вели дека Св. Ѓорѓи е роден во Кападокија, во Мала Азија, од богати, но чесни и побожни родители. Уште во детството останал без татко и мајка му заедно со него се преселила во Палестина каде што била родена. Таму го минал детството посетувајќи…
повеќе...Источен Петок Балаклија
Првиот петок по Велигден се вика Источен петок Балаклија. Тој спаѓа во светлата недела, поради што некои го викаат и „светол“ петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, тој празник се вика и како благ петок. Со овој празник посветен на Пресвета Богородица и се оддава признание на мајката божја, затоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати…
повеќе...Воскресение Христово – Велигден
Велигден или Ден на Воскресението Христово е најзначајниот верски празник во православниот календар. Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден недела после Велики петок. Православните христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“. Велигден и празниците кои се поврзани со него се подвижни празници, тие не паѓаат на ист…
повеќе...Велика Сабота
Велика Сабота, е посветена на споменот на пребивањето на Господ Исус Христос во грбот, и Неговото слегување во адот. Христос е присутен во гробот со телото, а со духот е присутен во адот, истовремено бивајќи на престолот со Отецот и Духот, поради самиот факт што Тој е сеприсутен Бог, неодвоив од другите две ипостаси на Пресвета Троица. Велика Сабота е онаа сабота кога Христос посцедочил дека е дојден крајот на стариот век, чиј симбол е празнувањето на саботниот ден, и започнува новиот век, во кој се празнува денот на Неговото…
повеќе...Велики Четврток
Во четвртокот пред Пасха, односно Велики Четврток, Господ Исус Христос се враќа во Ерусалим каде ја востановува Новозаветната Пасхална жртва. Црквата на овој ден си споменува за светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Синот Божји, кое впрочем треба да се случи денес, за еврејската пасха (Јагнето Божје) следниот ден (Велики Петок) да може да биде жртвувана. Повеќето куќи во еврејската земја во христово време изгледале како коцка, врз која е сместена една помала коцка. Според оваа архитектура, најчесто во…
повеќе...Денес е Цветници
Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот. Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но…
повеќе...