Собор на Св. Архангел Гаврил

Во аврамските религии, Гаврил е архангел кој се смета дека служи како гласник на Бога и еден од големите Седум архангели кои претстојат пред престолот Божји. За прв пат се појавува во Книгата на пророкот Даниел во рамките на Хебрејската Библија. Некои го нарекуваат и отелотворение на Светиот Дух. Христијаните и муслиманите веруваат дека му ги прорекол раѓањата на Јован Крстител и Исус на Захарија и Дева Марија, а во Исламот пак, тој му го открил (дал) Куранот на пророкот Мухамед. Во Библиските преданија понекогаш го среќаваме и како ангел…

повеќе...

Свето Благовештение – Благоец

Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. се смета за тежок празник, некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благоец, прв Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица и.т.н. Поради тоа што Благоец е благ ден тогаш, се верува дека и раната не боли па на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Во Гевгелиско ушите ги дупеле рано наутро уште додека не јаделе за да не добијат краста… Со Благоец…

повеќе...

Света архиерејска литургија по повод празникот „Свето Благовештение“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре 7-ми април (понеделник), во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свето Благовештение“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ – Охрид (едноцрквие). По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Сеноќно бдение по повод „Свети Јаков Исповедник и свети Кирил епископ Катански“

Парохискиот храм „Света Богородица“ – Каменско од Охрид, ги известува своите православни верници дека на 2 април 2014 година (среда), вечерта ќе се служи сеноќно бдение, по повод празникот на „Свети Јаков Исповедник и свети Кирил епископ Катански“, со почеток во 23:30 часот. По тој повод црквата „Света Богородица“ – Каменско, ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Тодорова сабота

На овој ден Тодорова сабота, се слави Светиот великомаченик Теодор, кој бил роден во Мала Азија. Тој многу млад пострадал маченички за верата Христова, затоа црквата одредила неговиот ден да се празнува во првата недела на Великиот пост, односно првата сабота од Светата Четириесетница, а Православната Црква му ја посветува на споменот на чудесното јавување на Христовиот воин Теодор Тирон за избавување на христијаните од неумолливата скверност на царот Јулијан Отстапник. А тоа станало вака:  Свети Теодор Тирон во времето на гонењата на царот Максимијан маченички пострада за верата Христова…

повеќе...

Прочка – Велики поклади

Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и…

повеќе...

Утре во црквата „Св.Богородица“ – Каменско ќе се служи вечерна богослужба за празникот „Прочка – Поклади“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 2 март (недела), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи вечерна богослужба, по повод празникот „Прочка – Поклади“, со почеток во 16:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Православните верници се известуваат дека од 2 до 6 март, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, секое утро со почеток во 7 часот, ќе се служи утринска богослужба со часови и вечерна, а пак, вечерта во 16 часот, ќе се служи големо повечерие со…

повеќе...

Светиот маченик Георгиј Кратовски

Денес e празник посветен  на Светиот маченик Георгиј Кратовски. Македонец од градот Кратово. По занает златар. Во срцето и со сета душа христијанин. Имаше осумнаесет години кога Турците сакаа да го потурчат, но остана тврд во верата како прекрасен дијамант. Тогаш Турците го мачеа со најлути маки и најпосле жив го запалија. Пострада за Христа на 11 февруари 1515 година во Софија, во времето на царот Селим и се прослави со невенлива небесна слава.

повеќе...

Света архирејска литургија по повод празникот на „Свети свештеномаченик Харалампиј“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на утре, 23 февруари (недела), во црквата „Света Богородица“ – Каменско Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети свештеномаченик Харалампиј“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Сретение Господово

Во четириесеттиот ден по Рождество Пресветата Дева Го донесе својот Божествен Син во ерусалимскиот храм за, според Законот, да Му Го посвети на Бога, а самата да се очисти (Левит. 12, 2 – 7; Исход 12, 2). Иако не беше потребно ни едното ни другото, сепак Законодавецот никако не сакаше да се огреши кон Законот којшто Самиот го беше дал преку Својот слуга, Пророкот Мојсеј. Во тоа време во храмот држеше чреда првосвештеникот Захариј, таткото на Свети Јован Предвесник. Тој Ја смести Богородица не на местото за жени, туку на…

повеќе...