Две лица затајувале данок преку хуманитарна организација

СВР Скопје-Единицата за економски и компјутерски криминал, до надлежното ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Љ.И. (55) и Р.Ш. (46), двајцата од Скопје, поради основи на сомневање дека во временскиот период од 2010 до 2014 година во својство на претседатели на хуманитарна организација во повеќе наврати исплатиле парични средства како донации на правни и физички лица од РМ во вкупен износ од 83.087.820 денари, за што не пресметале и не платиле персонален данок на доход во вкупен износ 9.231.980 денари, со кој износ го оштетиле Буџетот на РМ и сториле…

повеќе...

Спасовски: МВР ги преземa сите мерки зa безбеднoст нa грaѓaните

Министерот за внатрешни работи денеска гo пoсети пoлицискoтo oдделение вo Мaтејче, а се сретна и со припадниците на МВР кои ги извршуваат своите задачи во овој регион. „Имaме згoлеменo присуствo нa теренoт бидејќи вo oвoј периoд имaме сериoзни предизвици, и вo Мaкедoнијa и вo региoнoт имaме бегaлскa кризa. Вo рaмките нa сите oвие aктивнoсти, полицијата има згoлеменo присуствo oвде вo кумaновскиoт-липковскиот и вo скoпскиoт региoн, се сo цел дa се oбезбеди пoгoлемa сигурнoст нa грaѓaните нa Република Македонија. Имaме сoрaбoткa и сo грaѓaните oд oвoј региoн и требa сите дa…

повеќе...

Чавков: Огромен број приватни разговори одамна се препродадени во Kосово и Србија

„Има компромитирачки снимки за вас, ќе платите или ќе бидат објавени?“ Вака некако веќе некое време биле уценувани неколкумина политичари и бизнисмени од страна на македонското криминално подземје поврзано со СДСМ, но и надвор од земјава, тврди за „Дневник“ заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков. „Извесно време одредени лица, пред с`, политичари и бизнисмени, но и други граѓани, се објект на директен напад од поединци во македонското криминално подземје блиски до СДСМ, им се покажуваат компромитирачки приватни снимки и им се изнудуваат пари, во спротивно заканата е дека ќе бидат…

повеќе...

Спасовски: Поддршка од ЕУ за професионална полиција со европски вредности

Денес во центарот за обука е спроведена една показна вежба во рамките на проектот за развој на полицијата, веднаш после усвојувањето на стратегијата. „Проектот е финансиран од Европската унија и во оваа прилика сакам да се заблагодарам на Европската унија и на преставниците на ЕУ коишто вложуваат и заедно со нас ги прават сите напори за развој на полицијата во Република Македонија. Овој проект мора да продолжи заради тоа што сите професионални кадри во Министерството за внатрешни работи се длабоко свесни за важноста на ваквите проекти и развојот на полициското…

повеќе...

Обвинетите во „Ќелија“ што ја признаа вината, осудени на вкупно 32 години затвор

Шестмина обвинети во случајот „Ќелија“ се осудени на вкупно 32 години и 6 месеци затвор, откако ја признаа вината за кривичното дело учество во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. „Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција до Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1, достави предлог-спогодби за шест лица опфатени со обвинителниот акт за случајот познат како „Ќелија“, осомничени за кривичното дело учество во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација од член 322-а од Кривичниот закон. Откако…

повеќе...

Стружанка фалсификувала банкнота од 200 евра

ПС Струга поднесе кривична пријава против В.Ф. (63) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 11-ти јануари годинава, во Струга во филијалата на Про Кредит Банка-АД Скопје пријавената при уплата на парични средства на штедната сметка пуштила во оптек фалсификувана банкнота во апоен од 200 евра.

повеќе...

Претставување на системот за присилно запирање „Стингер“

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Идризово присуствуваше на завршниот ден од обуката за контрола на возилата во сообраќајот и претставување на системот за присилно запирање „Стингер“. Полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи во Бирото за јавна безбедност, од мобилните сообраќајни единици и од осум регионални Сектори за внатрешни работи пред присутните одржаа практична вежба за употреба на системот за присилно запирање на возила со издишување на гумите, кој се користи за ефективно и безбедно запирање на возила во бегство. „Овој проект, финансиран од ЕУ, има единствена…

повеќе...

Стружани уапсени во Тирана поради шверц на дрога

Поради шверц на дрога, двајца стружани биле уапсени вчера во Тирана. Во операцијата со кодно име „Струга“, албанската полиција ги уапсила 28-годишниот Антонио Ручи и 45-годишниот Зулфи Адеми, двајцата родени и со место на живеење во Струга. Според медиумите во Тирана, тие се осомничени дека биле дел од нарко мрежа за препродавање кокаин и марихуана во Албанија. Македонските државјани биле уапсени во автомобил Мерцедес бенц со македонски регистарски таблички. Освен нив, приведен е и 27-годишен албански државјанин. При претресот на возилото биле пронајдени 100 грама кокаин и 10-ина грама канабис…

повеќе...

Жител на струшко нападнат од две кучиња, кои биле без заштитна маска

Поради сторен прекршок по законот за прекршоци против јавниот ред и мир, полициската станица од Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против В.Ч.(37) од струшкото село Мислешево. Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение дека В.Ч. без заштитни средства (маска и слично), без надзор и невнимателно држи кучиња и други опасни животни кои можат друг да престрашат, нападнат или да повредат. На 20-ти март годинава, две кучиња од расата „Питбул“, сопственост на пријавениот, го нападнале и сериозно го повредиле А.Ф. (34) од селото Мислешево. Настанот се случил во…

повеќе...

Во текот на вчерашниот ден нема издадeно потврди на странски државјани

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 20.03.2016 година, не се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 20.03.2016 година, издадени се потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на…

повеќе...