Ќе се избира најубаво украсен новогодишен двор или балкон

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, Општина Охрид ќе избира најубаво украсен новогодишен двор на целата територија од општината. Граѓаните кои ги украсуваат своите домови, можат да се пријават на конкурсот, што ќе трае од 20–27 декември 2013. Комисија од Локалната самоуправа ќе ги посети сите апликанти, а резултатите и наградите за најдобрите ќе бидат објавени по новогодишните празници. Повеќе информации: КОНКУРС

повеќе...

Ставрески: Голем интерес за наградната игра со фискалните сметки

Интересот за наградната игра „Фискална на рака, награди без мака“ е голем и очекувам од ден на ден да расне, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. „Сите бараат фискални сметки. Дури и продавачите ги советуваат луѓето да земаат фискални сметки за да добијат вредни награди. Очекувам дека интересот од ден на ден ќе расте. Првото коло ќе биде на 30 декември кога непосредно пред Нова година некои од учесниците во играта ќе добијат стан, дуќан, кола и други вредни награди“, истакна вицепремиерот Ставрески во Кочани по пуштањето…

повеќе...

Со свечена академија завршија чествувањата за празникот Свети Климент Охридски

Синоќа со одржувањето на Свечената Академија во НУЦК „Григор Прличев“, завршија чествувањата за празникот Свети Климент Охридски. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Никола Бакрачески истакна: „Во долговековната историја на Охрид еден цел ред на значајни личности и настани го одредуваа неговото патување низ историските времиња, оставајќи свој белег врз иднината на овој вечен град. Божественото дело на Свети Климент Охридски е оној препознатлив и безвременски знак, кој ги исцрта историските контури на духовно и културно воздигнување на нашиот македонски народ.  Повеќе од 11 века Светиклиментовото слово силно зрачи низ…

повеќе...

ОО на СДСМ Охрид ја поздравува одлуката на градоначалникот за наградата „Св.Климент Охридски“

ОО на СДСМ од Охрид ја поздравува одлуката на градоначалникот на Општина Охрид највисокото општинско признание – наградата Св. Климент Охридски, Патронот на Охрид – да му биде доделена на доајенот на охридското и македонското маратонско пливање, професорот Александар Леко Радич. Исто така, ОО на СДСМ од Охрид ја поддржува и одлуката на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, со која младите охридски уметници Миланка Новеска и Стојан Стојаноски се закитија со повелбата Св. Климент Охридски, Патронот на Охрид. ОО на СДСМ од…

повеќе...

Александар Леко Радич е годинешен добитник на Климентовата награда

Александар Леко Радич е годинешниот добитник на највисокото општинско признание, наградата „Св. Климент Охридски- Патрон на градот“ за животно дело. Името на Добитникот на оваа престижна награда, денес  во спомен куќата на Григор Прличев го обелодени градоначалникот Никола Бакрачески. „Професорот и тренер, доајен на маратонското пливање во Охрид, познат охридски бренд е достоен да ја носи наградата Св. Климент Охридски патрон на градот за 2013 година. Овогодинешниот победник е татко на охридскиот пливачки маратон, креатор и неприкосновена легенда на маратонското пливање кој целиот свој живот несебично го вложи во афирмација…

повеќе...

Стојаноски и Новеска добитници на повелбата „Св.Климент Охридски“

Двајцата млади охриѓани, фотографот Стојан Стојаноски и оперската пејачка Миланка Новеска се годинешни добитници на  Повелба „Св. Климент Охридски – патрон на Охрид“. Имињата на добитниците денес ги обелодени претседателот на комисијата за одбележување манифестации и доделување на награди и признанија, Дејан  Пановски. „Делата кои што Стојаноски ги има направено  како професионален  фотограф се објавени на светски најпознатите медиуми што претставува една извонредна слика за Охрид  и извонредна позитивна промоција  на градот, како природна и културна  убавина и  реткост. Вакви  фотографии денес да ги имате објавено на медиуми како што…

повеќе...

Од денес започна наградната игра „Фискална во рака – награди без мака“

Со дваесет фискални сметки можеш да станеш добитник на стан, дуќан, автомобили, аудио/видео опрема, бела техника и кујнски апарати, мобилни телефони и фотоапарати, компјутери, велосипеди и бројни други вредни награди … Почни да собираш сметки со датум од 01.12.2013 натаму. Првото извлекување, на кое ќе се доделува дуќан, автомобил и многу други вредни награди е на 30.12.2013 година. Испраќај колку сакаш коверти со по дваесет фискални сметки, сите учествуваат за награда! За дополнителни информации, постави прашање на nagradnaigra@finance.gov.mk Адреса за учество во наградната игра: ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА БУЛ, ГОЦЕ…

повеќе...

8 кандидати ги исполнија условите за Повелба – Патрон на Градот „Св.Климент Охридски“

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Охрид, составена од советниците Дејан Пановски-претседател, Јованка Точко, Оливија Пирузева Јанева, Александар Калачоски и Коста Трифуноски (отсутен) на седницата одржана на ден 25.11.2013 година ги разгледа пристигнатите кандидатури по конкурсот за доделување на Повелба – Патрон на Градот „Св.Климент Охридски“ и констатира дека 8 кандидатури ги исполнија условите согласно објавениот Конкурс. По отворањето на понудите и поддршките кандидатите за овогодинешната Повелба се следни : Миланка Новеска, за промоцијата на Охрид низ соло настапите во Македонија…

повеќе...

Комисијата формирана од градоначалникот ги објави имињата на кандидатите за највисоката општинска награда

Во чест на празникот  Св. Климент Охридски – Патронот на градот за 2013 година, градоначалникот Никола Бакрачески распиша Конкурс за  доделување на општинска  награда – Патрон на градот  „Св. Климент Охридски“. По завршувањето на Конкурсот, Комисијата во состав Гордана Коњановска – претседател и членовите Димитар Спасески, академик Григор Каневче, Горан Стојаноски – актер, Данчо Целески – спортски работник, Светослав Маџаров – доктор в и Сашо Коруниски – декан на ФТУ , формирана од градоначалникот Бакрачески,  утврдија дека сите апликанти ги исполнуваат условите по конкурсот. Општото значење на делото, значењето на…

повеќе...

Ставрески: Владата ќе дава стан, дуќан, автомобили за собрани фискални сметки

Со наградна игра и подигање на јавната свест кај граѓаните Владата ќе ја зајакнува фискализацијата, најави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, пренесува МИА.  Со собирање 20 фискални сметки од кој било износ, граѓаните ќе може да учествуваат во наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“. Главна награда е стан и дуќан, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори,… Извлекувањето ќе биде во девет кола, а првото почнува на 30 декември. „Очекуваме да се мотивираат и заинтересираат…

повеќе...