Ристовски: Грантови до 20.000 евра за средните стручни училишта

Министерството за образование и наука во соработка со Светска банка преку “Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации“, започнува со реализација на грант програма вредна 700.000 евра, чијашто цел е поврзување на јавните средни стручни училишта со малите, средните и големи компании. Ова го истакна на денешната прес конференција заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој додаде дека на овој начин ќе се подобри практичната настава и вештините за вработување на учениците. „Програмата нуди неколку типови на грантови, односно нуди можност за финансирање на проекти за…

повеќе...

Листа на студенти кои ги исполнија условите по јавниот повик за “бесплатно патување за најдобрите студенти“

Министерството за образование и наука ја објавува листата на студенти од првите три најдобро рангирани високообразовни установи во Република Македонија, рангирани согласно со Законот за високото образование, кои се стекнале со правото на патување во една од трите светски метрополи: Париз, Венеција или Барселона. Согласно критериумите наведени во јавниот повик, објавен на интернет страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, на ден 11.3.2016 година, како и во печатените изданија на дневните весници “Вечер“ и “Коха“ на ден 12.3.2016 година, од вкупно пристигнатите 132 апликации заклучно со 18.2.2016 година, 25…

повеќе...

МОН објавува Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови

Министерството за образование и наука информира дека утре ќе биде објавен Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2016/2017 година. Согласно Конкурсот, предвидени се вкупно 2.550 слободни места, и тоа: во ученичкиот дом „Мирка Гинова” во Битола, вкупно за 273 ученици; „Лазар Лазаревски”, Велес – 221, во „Бранко Станоевиќ”, Гостивар -200 слободни места; „Крсте П. Мисирков”, Кавадарци-100, во ученичкиот дом „Проф. Мијалковиќ” во Куманово за 120 ученици; „Митко Пенџуклиски”, Кратово-45; „Боро Менков”, Крива Паланка – 84; во „Св.Наум Охридски”, Македонски Брод-70; „Ванчо Питошески”,…

повеќе...

Повик за апликација за волонтер од Mировен корпус

Мировен корпус Македонија објавува отворен повик за сите заинтересирани основни и средни училишта, општини и организации од граѓанскиот сектор, кои сакаат да аплицираат за волонтер на Мировен корпус. Повикот за аплицирање заедно со апликацијата можете да го најдете подолу или на следниот линк: http://macedonia.peacecorps.gov/content/resources Краен рок за аплицирање е 30 април 2016 година. За сите дополнителни прашања околу процесот на аплицирање, можете да се обратите на е-маил адресата pcv@mk.peacecorps.gov или на телефонските броеви: 02 / 3090 012 лок. 23, 25 & 26. Отворен повик за аплицирање

повеќе...

Министерот Адеми учествува на Глобален образовен самит кој се одржува во Турција

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми учествува на Глобалниот образовен самит кој вчера и денес се одржува во Истанбул, Република Турција. Министерот Адеми, денес на вториот ден од Самитот, говореше на тема образовни технологии, миграции, осврнувајќи се на мигрантската криза и образованието на бегалците од Блискиот Исток. „Денес, кога светот се соочува со една од најголемите хуманитарни кризи, напливот на бегалци од земјите зафатени со братоубиствени војни, свесно треба да признаеме, дека освен засолниште за овие луѓе, ние како држави треба да им овозможиме и соодветно образование. Покрај топла…

повеќе...

Адеми учествува на Глобален образовен самит кој се одржува во Турција

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми учествува на Глобалниот образовен самит кој се одржува на 26 и 27 март во Истанбул, на кој присуствуваше и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. Во своето обраќање македонскиот министер за образование и наука истакна дека е неминовно образованието постојано да се модернизира и реформира. „Денес можеби побрзо од кога и да е, потребно да се воведуваат новини во образованието. За да бидеме во тек со развојот на научната мисла, како Министерството за образование и наука и како Владата на Репулика Македонија,…

повеќе...

Потпишан Протокол за соработка меѓу УКИМ и Универзитетот во Тирана

Делегација предводена од министерот за образование и наука на Република Македонија Абдилаќим Адеми, е во дводневна официјалната посетата на Република Албанија. Денеска во Тирана, Протокол за соработка во областа на високото образование потпишаа ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски и ректорот на Универзитетот во Тирана проф.д-р Дори Куле. Фокусот на договорот е ставен на зајакнување на досегашната соработка, и на поттикнување на научноистражувачката дејност. За да се постигнат овие цели, ќе се обезбеди поддршка за обука и усовршување на академскиот кадар. Министерот Адеми истакна дека со потпишувањето на Протоколот…

повеќе...

Претседателот Иванов прогласен за почесен доктор на науки на Академијата за јавна администрација на Азербејџан

На претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вчера во Баку му беше доделено признанието Почесен доктор на науки на Академијата за јавна администрација на Азербејџан, највисоката образовна и научна институција за образување на кадри и раководители во државната и јавната администрација. По тој повод, претседателот Иванов пред присутните професори и студенти одржа предавање за Балканот, Кавказот и Блискиот Исток, предизвиците со кои овие региони се соочуваат, и нивните односи со Европската унија. Посочувајќи на македонскиот модел на почитување на различноста како пример, претседателот Иванов преку приказ на историскиот развој…

повеќе...

Симпозиум за Европски финансиски инструменти за истражувачки инфраструктури

Министерството за образование и наука информира дека на 19 април 2016 година, во Мадрид, (Кралство Шпанија), ке се оддржи Симпозиум за Европски финансиски инструменти за истражувачки инфраструктури во рамките на Хоризонт 2020-РИ (истражувачка инфраструктура). Сите заинтересирани за учество на овој еднодневен симпозиум можат да се регистрираат на веб страната http://www.rich2020.eu/symposium2016, каде воедно може да се погледне и агендата.

повеќе...

Конкурс за стипендирање магистерски и докторски студии за наставниците во државните училишта

Министерството за образование и наука првпат објави Конкурс за доделување стипендии на наставници од државните основни и средни училишта кои ќе запишат магистерски или докторски студии на некој од најдобрите 200 универзитети во светот од областа на образованието, кои се на ранг-листата на Шангајскиот Џиао Тонг Универзитет или на листата на Quacquarelli Symonds (QS) од Велика Британија. За новата мерка која неодамна ја најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска информираше дека огласот е веќе објавен на веб-страницата на МОН и заинтересираните наставници…

повеќе...