Денес сонце, викендов променливо

Според Управата за Хидрометеоролошки работи, времето денес во Охрид ќе биде сончево со умерена локална облачност. Температурата ќе се движи од 0 до 9 степени. Во сабота ќе имаме облачно време со услови за повремени врнежи од дожд, а ќе дува ветер од северен правец, додека во недела ќе преовладува променливо облачно време. Во текот на викендот температурите ќе се движат од -1 до максимални 10 степени, а тие температури ќе останат и во текот на целата недела, најавуваат од УХМР. WebOhrid

повеќе...