Интензивно се гради новиот плоштад во Охрид

На просторот каде порано се наоѓаше градската библиотека, изминативе денови интензивно се гради нов модерен плоштад. Денеска на лице место беше и раководителот на Секторот за подршка на градоначалникот и координатор на Секторот за урбанизам Зоран Рафтоски. „На овој простор, каде порано се наоѓаше старата градска библиотека, сега ќе никне нов, модерен плоштад кој со својот квалитет и изглед ќе биде рамо до рамо со плоштадите од европските метрополи од ваков ранг. Моментално се подготвува подлогата, односно извршено е тампонирање за да можат да се постават високо квалитетните гранитни плочки…

повеќе...

Охриѓани во еуфорична атмосфера на Градскиот плоштад ги бодреа македонските кошаркари

Охриѓани, синоќа на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ масовно и во еуфорична атмосфера, на големиот лед- дисплеј и во околните кафулиња,  го следеа кошаркарскиот натпревар Македонија- Црна Гора. Тие од срце навиваа за нашата  репрезентација, која доживеа несреќен пораз со еден кош разлика. Во рамките на манифестацијата „Да навиваме заедно за Македонија“, што ја организира општина Охрид во соработка со  Црвениот  крст, ЈП „Билјанини извори“ и другите општински јавни претпријатија, пред почетокот на кошаркарскиот натпревар Македонија- Црна Гора, се одржа мал саем на спортските клубови и презентација на спортови и…

повеќе...