Украдени македонски регистарски таблички во Пефкохори

Граничната полиција евидентираше е случај на украдени регистерски таблички од македонски државјанин кој летувал во Р.Грција. Имено, на 11-ти август. на граничниот премин „Богородица“ од страна на Г.Б. од Скопје, пријавено е дека на 10-ти август. во местото Пефкохори, украдени му се двете регистарски таблички од ПМВ „Опел Корса“ за што била известена и грчката полиција. Овој случај се надоврзува со претходните пет случаи во кои беа оштетени возила на македонски државјани на повеќе места во Р.Грција.

повеќе...

Од први јануари – Намалување на прагот за регистрација за ДДВ на 1.000.000 денари

Од 1 јануари 2015 година се намалува прагот за регистрација за цели на ДДВ на 1 милион денари, согласно измените на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр.130/14). Остварен промет над 1 милион денари во 2014 година Даночните обврзници кои во текот на 2014 година оствариле промет над 1 милион денари, должни се до 15 јануари 2015 година да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец “ДДВ- 01“). Сите даночни обврзници кои во текот на месец Декември 2014 година ќе остварат промет над…

повеќе...

Груевски: Со електронски залог, подобри услови за бизнис

Регистрацијата на залог во Централниот регистар може да се врши електронски. Воспоставен е нов систем, со инвестиција од 250.000 евра, како надградба на Заложниот регистар, а целата постапка за упис на залог е забрзана. Со системот е-залог, според премиерот Никола Груевски, се подигнува нивото и стилот на работа во Заложниот регистар, се забрзува постапката и се олеснува водењето бизнис.  – Ова претставува уште еден проект во низата, со кој преку воведување нова технологија се создава можност целокупниот процес на регистрирањето на залогот и плаќањето на надоместот да се прави по…

повеќе...

Либерализирана регистрацијата на национални домени

Граѓаните ќе може да регистрираат национален домен.mk електронски од кој било компјутер, со добивање на услугата од осум компании-регистрари. Досега Македонската академска истражувачка мрежа МАРНЕТ беше единствен субјект на пазарот преку кој можеше да се регистрира доменот.мк. „Со либерализацијата граѓаните повеќе немаат потреба и не можат да се обратат до МАРНЕТ за регистрирање домени, односно тоа ќе го добиваат само од овластените регистрари од страна на МАРНЕТ“, рече денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. Либерализацијата, нагласи, ќе понуди конкурентни цени. „Пазарот ќе си го направи…

повеќе...