Недела на Православието

Недела на Православието е наречена првата недела од Велигденскиот пост, кога всушност се празнува победата на иконодулите (почитувачите на иконите) врз иконокластите (иконоборците), изразена во одлуките на Седмиот вселенски собор. Оттука, Црквата си спомнува за повторното воведување на иконите во јавните богослужби и храмови, како и приватните домови на верните. Службите за овој ден најчесто вклучуваат и литија околу храмот, при што свештенослужителите носат икони од светителот на храмот и други светители – заштитници, со што ја објавуваат победата. Во областите каде постоја паралелни јурисдикции (како на пример во САД),…

повеќе...

Денес е Тодорова сабота

Православните верници денеска го слават празникот Тодорова Сабота – Празник на приврзаноста кон велигденскиот пост. На овој празник, Тодорова сабота, попознат меѓу народот како Тодорица е подвижен (непостојан) празник, кој го менува датумот според Велигден, се паѓа секогаш првата сабота по Прочка, значи на крајот на првата недела од големите Велигденски пости. На овој ден Тодорова сабота, се слави Светиот великомаченик Теодор, кој бил роден во Мала Азија. Тој многу млад пострадал маченички за верата Христова, затоа црквата одредила неговиот ден да се празнува во првата недела на Великиот пост, односно…

повеќе...

Свети литургии за Тодорова сабота и Недела на православието

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 04.март 2017 година (сабота), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, со почеток во 08:30 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот Тодорова сабота. Наредниот ден 05.март.2017 (недела) во црквата „Св.Георги“ – Охрид, со почеток во 8:30 ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Недела на Православието“. На светите литургиите ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овие празници.

повеќе...

Светиот великомаченик Теодор Тирон

Светиот великомаченик Теодор Тирон „Тирон“ значи „регрут“. Штотуку Свети Теодор беше стапил во војска, во Мармаритскиот полк, во градот Амасија, започна гонењето на христијаните под царевите Максимијан и Максимин. Со оглед дека тој не сакаше да крие дека е христијанин, го подложија на суд и го фрлија во затвор, заклучен и запечатен. Во затворот му се јави Самиот Христос велејќи му: „Не плаши се, Теодор, Јас Сум со тебе, не земај веќе овоземна храна и пијалок, зашто ќе бидеш во другиот живот, вечниот и неминливиот, со Мене на небесата“. При…

повеќе...

Светите Дванаесет маченици што пострадаа во времето на Диоклецијан

Светите Дванаесет маченици што пострадаа во времето на Диоклецијан Првиот од нив, Памфил, презвитер на Црквата во Кесарија Палестинска, човек учен и благочестив, го исправи текстот на Новиот Завет од грешки на различни препишувачи; самиот ја препишуваше оваа спасоносна книга и им ја даваше на оние што сакаа. Вториот беше ѓаконот Валент, стар според годините и белокос според мудроста. Беше одличен познавач на Светото Писмо и го знаеше речиси наизуст. Третиот беше Павле, маж чесен и угледен, кој еднаш порано беше фрлен во оган за Христа. Освен нив уште петмина…

повеќе...

Со чист Понеделник, започнуваат велигденските пости

Постот значи не само откажување од мрсна и обилна храна туку и контрола на страстите, откажување од пијанства, веселби и радости. Светите отци постот го нарекуваат мајка на здравјето, а и современиот начин на исхрана се повеќе му придава значење на постот, односно на откажувањето од храната од животинско потекло. Најстрог и најдолг е Велигденскиот (или Великиот пост, како што го вика народот) кој трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена (четириесетница), од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48…

повеќе...

Денес е Прочка – Велики поклади

Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и…

повеќе...

Преподобен Симеон Мироточив

Преподобен Симеон Мироточив Стефан Немања, голем владетел на српскиот народ, бранител на Православието, истребител на ересите. Беше прво крстен во латинската црква, но подоцна се ослободи од неа и стана член на православната Црква. Кога ја утврди државата и православната вера во неа, тогаш по примерот на својот син Сава прими монашки чин во манастирот Студеница во 1195 година и го доби името Симеон. Неговата жена Ана исто така прими монашки чин, го доби името Анастасија и се повлече во женски манастир. По две години монаштво во Студеница Симеон замина…

повеќе...

Преподобна Марија

Преподобна Марија Девојка со машка храброст. По смртта на нејзината мајка татко ѝ посака да се замонаши. Но Марија не сакаше да се раздели од својот татко, па по договор обајцата се упатија во еден машки манастир, и тоа Марија со потсечена коса и во машка облека, како момче. Умре татко ѝ , а Марија се замонаши како машко и го доби името Марин. Во близина на манастирот имаше гостилница и ќерката на гостилничарот се загледа во божемниот монах Марин и откако неуспешно го искуша, го обвини овој монах за…

повеќе...

Светиот маченик Георгиј Кратовски

Денес e празник посветен на Светиот маченик Георгиј Кратовски. Македонец од градот Кратово. По занает златар. Во срцето и со сета душа христијанин. Имаше осумнаесет години кога Турците сакаа да го потурчат, но остана тврд во верата како прекрасен дијамант. Тогаш Турците го мачеа со најлути маки и најпосле жив го запалија. Пострада за Христа на 11 февруари 1515 година во Софија, во времето на царот Селим и се прослави со невенлива небесна слава.

повеќе...