Пренос на моштите на Свети Јован Златоуст

Денес се празнува преносот на моштите на Свети Јован Златоуст. Златна труба на Православието. Споменот на овој светилник на Црквата се празнува на 13-ти ноември и на 30-ти јануари. А на овој датум се празнува преносот на неговите чесни мошти од ерменското село Комане, каде што умре како прогонет, во Цариград, каде што порано како патријарх управуваше со Црквата. Кога се навршија триесет години од неговата смрт, патријархот Прокло одржа еден говор во спомен на својот духовен отец и учител и со тој говор толку ја разгоре љубовта на народот…

повеќе...

Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски

Денес е празник посветен на Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски. Роден во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред да се крсти учеше во Атина заедно со Св. Василиј Велики и со Јулијан Отстапник. Често му пророкуваше на Јулијан дека ќе биде отстапник од верата и гонител на Црквата, како што и стана. Врз Григориј особено влијаеше неговата мајка Нона. Кога го заврши школувањето го прими Светото Крштение. Свети Василиј го ракоположи за епископ Сасимски, а царот Теодосиј Велики наскоро го повика на испразнетиот престол на Цариградскиот архиепископ. Состави…

повеќе...

Шестиот Вселенски Собор

Шестиот Вселенски Собор Одржан во Цариград. Првото заседание беше во 681 година, а второто во 691 година. Овој Собор ги осуди еретиците монотелити, коишто погрешно учеа дека Христос имаше само Божествена волја, без човечката. Беа донесени и неколку правила за дисциплината и редот кај свештенството.

повеќе...

Отслужена литургија на Плаошник по повод празникот Светиот апостол Тимотеј

Денес на празникот Светиот апостол Тимотеј, а по повод именденот на Митрополит Тимотеј, во манастирот „Св.Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

повеќе...

Светиот апостол Тимотеј

Денес е празник посветен на Светиот апостол Тимотеј. Еден од Седумдесеттемина апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му Светиот апостол Павле ги пофалува за нивната нелицемерна вера (2 Тимотеј 1, 4 – 5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден човек од раѓање куцоног. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител за верата, извонреден беседник и благодушен,…

повеќе...

Одбележан празникот Св. Атанасиј Велики во Рамне

Денес се слави празникот посветен на Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски или Танасовден (зимен). По тој повод во селото Рамне, во манастирот на Св. Атанасиј Велики православните верници палеа свеќи, со желба за подобро здравје и среќа. А. Андриоски

повеќе...

Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски

Денес е празник посветен на Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски. Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет…

повеќе...

Преподобен Антониј Велики

Денес е празник посветен на Преподобен Антониј Велики. Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде…

повеќе...

Чесни вериги на Светиот апостол Петар

Овој ден се споменува заради веригите во коишто беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12). Ерусалимскиот патријарх Св. Јувенал овие вериги ѝ ги даде на царицата Евдокија, прогонетата жена на царот Теодосиј Помладиот, а таа ги преполови и едната половина ѝ ја испрати…

повеќе...

Преподобен Гаврил Лесновски

Денес е празник посветен на Преподобен Гаврил Лесновски. Македонски подвижник. Се подвизуваше во 10 век на Лесновската Гора кај Кратово, каде што му изгради црква на Св. Архангел Михаил. Чудотворец за време на животот и по смртта. Се упокои во Господ на крајот од 10 век.

повеќе...