Свети Наум Охридски

Главниот празник на Свети Наум Охридски се одбележува на 23 декември – по стар календар или 5 јануари по нов календар, а на 20 јуни по стар или 3 јули по нов календар е летниот празник или Собор на светителот. Свети Наум Охридски Чудотворец, бил средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангели, денешен Свети Наум. Роден е во првата половина на IX век. Св. Наум бил еден од основачите на Преславската книжевна школа и учител од…

повеќе...

Светата великомаченичка Анастасија Одврзителка и другите со неа

Денес е празник посветен на Светата великомаченичка Анастасија Одврзителка и другите со неа. Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како млада се приврза со љубов кон Господ Исус, а во Христовата наука ја раководеше благочестивиот учител Хрисогон. Принудена од татко ѝ стапи во брак со некој незнабожечки велепоседник Публиј. Под изговор на женски болести никако не сакаше да влезе со него во телесна врска. За ова мажот ѝ горчливо ја мачеше со затвор и…

повеќе...

Светата маченичка Јулијанија и шестотини и триесетте маченици со неа

Светата маченичка Јулијанија и шестотини и триесетте маченици со неа Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабожци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијанија му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне…

повеќе...

Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец

Денес е празник посветен на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ (Матеј 18,…

повеќе...

Светиот маченик Севастијан и другите со него

Светиот маченик Севастијан и другите со него Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во градот Милано. Во младоста се предаде на војничка служба и изгледа му стана миленик на царот Диоклецијан, којшто го постави за началник на својата дворска гарда. Потајно ја исповедаше христијанската вера и Му се молеше на живиот Бог. Двајцата браќа Марко и Маркелин, коишто беа фрлени во затвор заради Христа и беа веќе на работ да се одречат од Него и да им се поклонат на идолите, Севастијан ги утврди во…

повеќе...

Светата царица Теофанија

Светата царица Теофанија Од високородни родители, Константин и Ана, кои им беа роднини на големите цареви. Долги години беа бездетни и Ѝ се молеа на Пресвета Богородица за пород. И Бог им ја даде оваа ќерка, Теофанија. Запоена со христијанскиот дух уште од детството, Теофанија ги надминуваше своите другарки во сите христијански добродетели. Кога порасна стапи во брак со Лав, синот на царот Василиј Македонецот. Заедно со мажот ѝ претрпеа големи неволји. Заради некаква клевета дека наводно Лав носи во чизмата нож за во згодна прилика да го убие својот…

повеќе...

Светиот свештеномаченик Елевтериј

Денес е празник посветен на Светиот свештеномаченик Елевтериј. Овој прекрасен светител имаше родители благородни и од прочуен род. Беше роден во Рим, каде што татко му беше воен антипат. Мајка му Антија го слушаше Евангелието од самиот апостол Павле и од него беше крстена. Бидејќи рано остана вдовица, го даде својот единец син на учење и служба кај римскиот епископ Аникита. Бидејќи го виде Елевтериј надарен од Бога и просветлен со Божествената благодат, во петнаесеттата година епископот го ракоположи за ѓакон, во осумнаесеттата за свештеник, а во дваесеттата за епископ.…

повеќе...

Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски

Денес е празник посветен на Светиот Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски. Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен с ѐ до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримифунт. Но тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата…

повеќе...

Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски

Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски Најпрво беше епископ Кападокиски. Но во времето на Северовото гонење во 203 година го фрлија во затвор и го прогонија. По ова го прими ерусалимскиот престол. Ја основа прочуената ерусалимска библиотека, со којашто Евсевиј се служеше при пишувањето на својата Историја на Црквата. Во времето на Декиј беше мачен на разни начини и фрлен пред ѕверови. Остана жив и нечепнат од ѕверовите, па го фрлија во затвор, каде што во 251 година го заврши овоземниот живот и се престави кај Господ.

повеќе...

Католички Божиќ

Христијанските цркви кои го прифатиле сметањето на времето според Грегоријанскиот календар, денес го слават Божик, празникот на раѓањето на Исус Христос. Божик денес, освен Римокатоличката црква и западните цркви, го празнуваат и православните цркви кои на крајот на минатиот век го прифатиле Грегоријанскиот календар. Според евангелиското предание, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеем, така што овој датум како почетокот на новата ера и новата историја на човештвото со разликите во календарите, се пошитува во целиот христијански свет. 13 дена подоцна, Божик според Јулијанскиот календар ќе го прослават…

повеќе...