Охридските сточари бараат да им се исплатат субвенциите за 2016 година

Сточари од Охрид бараат да им се исплатат субвенциите од минатата година, кои требаше да се исплатат до 30.06.2017 година. „Субвенциите за 2016 година завршија со исплата уште на 30 јуни. На сите им се исплатени, освен нас, а други примања немаме, ние зависиме од тие средства. Во текот на месецов не пуштаат од врата на врата и повратен одговор немаме. Добивме неколку телефонски броеви од Платежна агенција од Скопје, никој не ни одговори цел месец. Преку е-маил контактиравме со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој; Министерството за…

повеќе...

Работилница на тема „Зачувување на говеда од расата буша“ на подрачјето на општина Дебарца

Утре, понеделник (30-ти јуни) во просториите на општина Дебарца, со почеток во 11 часот ќе се одржи работилница на тема „Зачувување на говеда од расата буша“, на подрачјето на општина Дебарца. На работилницата покрај другите присутни ќе биде и професор д-р Ѓоко Буневски од Скопје.

повеќе...

Ставрески: Повеќекратни придобивките од намалениот ДДВ за сточна храна

Конкурентно и рентабилно сточарство ќе биде клучната придобивка од најновата владина мерка за намалување на данокот на додадена вредност за добиточната храна, адитивите и живиот добиток од 18 на пет отсто. Како што рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по денешната средба со претставници на земјоделците и компаниите од секторот сточарство, ефектите од намалувањето на ДДВ ќе бидат повеќекратни, пониски трошоци за производството на месо и млечни производи, намалување на сивата економија и зголемување на конкурентноста на фирмите преработувачи. „Се работи за долгогодишно барање на земјоделците кои беа…

повеќе...

Димовски: Евидентни резултатите од владините мерки во сточарството

Успешното функционирање на млекарниците во Македонија е потврда за веќе создадената доверба меѓу откупувачите и фармерите. Изминатите неколку години се зголеми бројот на овци и млечни крави благодарение на владините мерки во сточарството, особено на субвенционирањето за задржување женско јагне, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по посетата на млекарницата „Ѓеоргиеви“ во Радовиш. Според Димовски, воспоставена е агресивна политика за што поинтензивен откуп на кравјото и овчото млеко со цел поголемо производство. „Мерките и натаму се насочени кон потикнување на развојот и зголемувањето на стадата овци…

повеќе...