Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски

Денес е празник посветен на Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски. Роден во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред да се крсти учеше во Атина заедно со Св. Василиј Велики и со Јулијан Отстапник. Често му пророкуваше на Јулијан дека ќе биде отстапник од верата и гонител на Црквата, како што и стана. Врз Григориј особено влијаеше неговата мајка Нона. Кога го заврши школувањето го прими Светото Крштение. Свети Василиј го ракоположи за епископ Сасимски, а царот Теодосиј Велики наскоро го повика на испразнетиот престол на Цариградскиот архиепископ. Состави многубројни…

повеќе...

Светиот апостол Тимотеј

Денес е празник посветен на Светиот апостол Тимотеј. Еден од Седумдесеттемина апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му Светиот апостол Павле ги пофалува за нивната нелицемерна вера (2 Тимотеј 1, 4 – 5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден човек од раѓање куцоног. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител за верата, извонреден беседник и благодушен,…

повеќе...

Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски

Денес е празник посветен на Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски. Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет…

повеќе...

Собор на Свети Јован Предвесник и Крстител

Денес православните христијани го одбележуваат празникот посветен на Собор на Свети Јован Предвесник и Крстител. Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто…

повеќе...

Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

Денес е празник посветен на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан. Роднина на апостолот Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од Седумте ѓакони коишто Светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба на грижа за сиромасите во Ерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон. Со силата на својата вера вршеше големи чуда меѓу луѓето. Злобните Евреи се препираа со него, но беа секогаш победувани од неговата мудрост и од силата на Светиот Дух Којшто дејствуваше преку него. Тогаш посрамени Евреите, свикнати на измами и клевети, го…

повеќе...

Свети Наум Охридски

Главниот празник на Свети Наум Охридски се одбележува на 23 декември – по стар календар или 5 јануари по нов календар, а на 20 јуни по стар или 3 јули по нов календар е летниот празник или Собор на светителот. Свети Наум Охридски Чудотворец, бил средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангели, денешен Свети Наум. Роден е во првата половина на IX век. Св. Наум бил еден од основачите на Преславската книжевна школа и учител од…

повеќе...

Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски

Денес е празник посветен на Светиот Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски. Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен сѐ до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримифунт. Но тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата стока…

повеќе...

Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски

Денес е празник посветен на Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски. Овој славен светител, когошто и денес го слават по сиот свет, им беше единец син на своите богати и угледни родители, Теофан и Нона, жители на градот Патара во Ликија. Бидејќи им беше син единец даруван од Бога, тие Му го посветија на Бога, принесувајќи Му така дар. Знаењето за духовниот живот Св. Николај го стекна преку својот чичко Николај, епископот Патарски, и се замонаши во манастирот „Новиот Сион“, основан од тој негов чичко. По смртта на родителите Николај им го…

повеќе...

Свети Ѓорѓија (посен)

Православните верници денес го празнуваат Свети Ѓорѓија (посен). Освен како семејна слава, овој ден се слави и како именден и како слава на цели села и градови. Свети Великомаченик Георгиј Победоносец, познат како Свети Ѓорѓија, живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година). Неговите родители биле богати, доброчесни и побожни. Неговиот татко маченички пострадал за верата што и придонело малиот Георгиј така силно да го засака Христа и сецело да Му се предаде, да Му служи и со својот живот маченички да ја потврдии…

повеќе...

Свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски

Денес е празник посветен на Светиот Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски. Божји човек и силен чудотворец, нарекуван втор Мојсеј. Роден од незнабожни родители, но угледни и богати, Григориј најпрво ги изучи елинската и мисирската (т.е. египетската) философија, но откако ја позна нејзината залудност и недоволност се обрати кон христијанските учители, особено кон Ориген во Александрија, кај кого учеше неколку години и од кого прими Крштение. Чист по душа и тело тој сакаше сиот себеси да Му се посвети единствено на Христа, заради што се оддалечи во пустина, каде што долго време помина…

повеќе...