Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција до медиумите испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ во која стои:
„И повеќе од очигледно е дека СДСМ сами на себе си ги признаваат грешките кој ги направиле во текот на нивното владеење. Најдобар пример за тоа е денешната прес конференција на потпаролот на ОО СДСМ кој очигледно не е добро запознаен со проектите на СДСМ со кој ја зацрнија Република Македонија и ја оставија во долга транзиција и приватизација. Кога говорат за намалување на сметки нека кажат за што беше бонбона бизнисот на Радмила Шеќеринска, нека одговорат дали во нивно време имаше радиодифузна такса и колку изнесуваше таа во споредба со денес, впрочем нека одговорат дали нивнот лидер Зоран Заев и Радмила Шеќеринска воопшто воочиле што значи средна класа со оглед на нивните луксузи кои секојдневно ги гледаме. Дали нивната несоодветно спроведена приватизација донесе до губење на средната класа? Како ќе ја протолкуваат изјавата на нивниот лидер дека ќе јадат живи луѓе само да дојдат на власт, прашуваме зарем тоа не е заплашување и закана кон македонските граѓани.
Реторичките прашања се наменети за самите на себе и најпрво сами на себе СДСМ да си дадат одговор, а дури подоцна да пуштаат неискусно политички лица да говорат на прес конференции.
И повторно повикуваме на одговор – кој е ставот на СДСМ за федерализација и кантонизација на Македонија, зборови кои многу често се слушаат на нивните јавни настапи и на крај нека одговорат кој е ставот на нивниот лидер Зоран Заев за она што во последно време можеме да го слушнеме на медиумите а тоа е промена на Уставот на Република Македонија? Јавноста очекува одговори на вакви прашања преку прес конференциите на СДСМ, а не банални и тривијални текстови со кои незнаеме покој пат ја манипулираат јавноста. За целата македонска јавност РЕАЛНО има само една опција а несомнено тоа е ВМРО ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ ги чува македонските национални интереси на Република Македонија и на македонскиот народ. А тоа народот добро знае да го препознае. За тоа најдобар доказ ќе биде 11 декември, датум кога ВМРО ДПМНЕ ќе добие 63 пратеници.“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.