Светиот крст во Велестово за прв пат во рацете на Александар Кироски

Празникот Богојавление-Водици, традиционално, освен на градскиот плоштад во Охрид, беше одбележан и во Велестово. Светиот крст кој се фрла во базенот во Велестово, за прв пат имаше среќа да го фати 23 годишниот Александар Кироски. WebOhrid

повеќе...

Преспанските, струшките и охридските критични населени места добија електрична енергија

Велестово, Брајчино, Љубојно, Долно Дупени, Радожда, Долно и Горно Татеши и неколку други населени места во охридскиот, преспанскиот и струшкиор регион добија електрична енергија. Екипите на ЕВН Македонија во доцните ноќни и раните утрински часови ги отстранија дефектите на 35 кВ далекуводи. Сега се работи на санирање на помалите дефекти во ниско напонската мрежа. Екипите се сега стационитрани на три преостанати точки каде треба да се нормализира снабдувањето со електрична енергија. Се работи интензивно на потегот кај Пренков мост, Луково Поле и Жировница. Од утрово на терен во критичните места…

повеќе...

26-та Поетска ноќ во Велестово

На 15-ти август во охридското село Велестово, на сред село, со почеток во 21 часот, по 26-ти пат ќе се одржи манифестацијата Поетска ноќ во Велестово. Оваа година манифестацијата е посветена на поетското творештво на академик Катица Ќулавкова. За нејзиното творештво ќе беседи проф. д-р Владимир Мартиновски. Стихови ќе читаат членови на Независната аматерска театарска група Аматер од Охрид. „Поетска ноќ во Велестово е своевиден феномен, празник на поезијата кој, веќе завлезен во третата деценија, ненаметливо, стрпливо, упорно неа ја враќа на праизвориштето исполнето со духовна енергија и го буди…

повеќе...

Христијан Јанкулоски го фати светиот крст во Велестово

17-годишниот Христијан Јанкулоски е најсреќниот фаќач на светиот крст во Велестово, меѓу 35-мината скокачи. На среќниот фаќач, од црквата „Голема Богородица“ од Велестово му подарија златно крсте и икона, а крст подарок доби и од резбарот Пере Блажески. Наградите ги делеше капитенот на женската фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години, Симона Крстаноска од Велестово. Се верува дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба  во текот на целата година. WebOhrid

повеќе...

Незаборавна божиќна забава со Спасен Силјаноски во Велестово

По повод денот на Христовото раѓање – Божиќ, царот на македонската народна песна – Спасен Силјаноски – Паце, во организација на Црковниот одбор од црквата „Успение на Пресвета Богородица“, утрово приреди незаборавна божиќна забава во село Велестово, која што велестовци долго ќе ја паметат. Имено, голем број верници се помолија за здравје, среќа и радост во семејствата палејќи свеќи во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, а потоа уживаа пеејќи ги заедно хитовите на Спасен Силјаноски, веселејќи се со топла ракија и мезе. Како што истакнаа за WebOhrid организаторите и Спасен…

повеќе...