Започна летниот камп за млади претприемачи и стартапи во Велестово

Со официјално обраќање на организаторите, започна StartQube, првиот летен камп за млади претприемачи и стартапи, а се одржува на Велестово во Охрид и ќе трае до 6-ти септември. Млади и ентузијастички настроени претприемачи од повеќе држави се дел од StartQube, каде имаат уникатна можност да ги развиваат нивните идеи и да добијат корисни совети и коментари од искусните ментори. На настанот се среќаваат личности од Македонија, Словенија, Албанија, Бугарија, Италија, Хрватска, Холандија, Велика Британија, Азербејџан, Гана и САД. На отворањето, организаторите изразија задоволство од интересот за настанот и порачаа дека…

повеќе...

Утре започнува летниот камп за млади претприемачи и стартапи на Велестово

Утре (1ви септември) официјално започнува StartQube, летниот камп за млади претприемачи и стартапи, на Велестово во Охрид. Настанот се одржува за прв пат, а организатор е веќе добро познатиот тим на програмерскиот маратон Codefest. StartQube претставува уникатна можност за развивање на вашите претприемачки вештини на сосема поинаков начин од традиционалниот, во релаксирачка околина, низ рекреативни и алтеративни активности, додека живeете заедно со вашите ментори во текот на целиот настан.  Бројни истакнати имиња од претприемачкиот и стартап светот, не само од регионот туку и од цела Европа, доаѓаат како ментори на…

повеќе...

Во Велестово ќе се одржи StartQube летен камп за стартап бизниси и млади претприемачи

Како што се приближува StartQube, интернационалниот летен камп за стартап бизниси и млади претприемачи од Македонија и регионот, организаторите на настанот најавуваат се повеќе возбудливи детали за се што ќе се случува за време на настанот, програмата, слободните активности и менторите, како еден од најважните делови од StartQube. Листата се движи од успешни основачи на стартапи со огромни инвестиции, до акцелератори и инвестициски фондови, инвеститори и многу повеќе. Менторите на StartQube се добра причина да не ја пропуштите можноста да учествувате на еден несекојдневен настан кој носи дел од европската…

повеќе...

Заврши 27-то издание на „Поетска ноќ во Велестово“

Годинешното дваесет и седмо издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово заврши со промоција на зборникот песни „Меѓу две неба, песни за Велестово“ во кој се поместени педесетина песни посветени на Велестово од автори ширум светот. На промоцијата гостуваа поети од Црна Гора и Бугарија. Оваа автентична манифестација што започна во петокот, а е поддржана од општина Охрид, беше посветена на делото на македонскиот поет, прозаист и критичар Веле Смилески, а беше отворена и ликовна изложба на Литов Намдагјанчивин од Монголија. Дводневната манифестација за отворена ја прогласи заменик градоначалникот на…

повеќе...

Започна „Поетската ноќ во Велестово“

Синоќа во селото Велестово по 27 пат започна манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, што годинава е посветена на делото на македонскиот поет, прозаист и критичар Веле Смилески и на ликовното творештво на уметникот Литов Намдагјанчивин, кој е почесен конзул на Монголија во Македонија. Општина Охрид и годинава финансиски и логистички го помогна одржувањето на ова културно случување . Љубителите на поетската реч во име на градоначалникот Никола Бакрачески ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Несомнено дека оваа дводневна церемонија е од огромно значење затоа што преку поезијата и…

повеќе...

Утревечер 27-мо издание на „Поетска ноќ во Велестово“

Дваесет и седмото издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, кое е поддржано од општина Охрид, ќе се одржи утре 14-ти август  и 15 август, најави на денешната прес конференција, нејзиниот основач, познатиот поет Славе Ѓорѓо Димоски. Со ова издание, како што рече Димоски, таа се доближува до крајот на третата деценија од постоењето со што ја потврдува оправданоста на ваков вид манифестации: поетскиот збор да се доближи до пределите од кои произлегол,односно до народната поезија која сеуште е жива по селата. „Нејзината специфичност не е само во просторот на…

повеќе...

По 27-ми пат Поетска ноќ во Велестово

На 14-ти август во охридското село Велестово, на сред село, со почеток во 21:30 часот, по 27-ти пат ќе се одржи манифестацијата Поетска ноќ во Велестово. Оваа година манифестацијата е посветена на поетското творештво на Веле Смилевски. За неговото творештво ќе беседат Санде Стојчевски и Раде Сиљан. Стихови ќе читаат членови на Независната аматерска театарска група Аматер од Охрид. Традиционално, покрај поетскиот портрет на еден наш истакнат поет, ќе биде одржана и ликовна изложба. Годинава во изложбениот простор на старото училиште во Велестово со изложба на слики ќе се престави…

повеќе...

Демант од Црковниот одбор на „Успение на Пресвета Богородица“-Велестово

Во врска со написот објавен вчера на WebOhrid со наслов „Велестовци сакаат нов поп“, реагираат од Црковниот одбор на „Успение на Пресвета Богородица“ – с.Велестово. Во целост ја објавуваме реакцијата: „Почитувани, најпрвин ве молиме во целост да го објавите нашиот демант, сакаме да ве исправиме дека ние од наша страна не сме рекле дека С.Ристески е вработен во нашата црква и тоа дека 2 години немавме свештеник. Најверојатно се работи за недоразбирање од ваша страна, погрешно сме разбрани и цитирани, но да одиме со ред. С.Ристески вели дека овај одбор не е легитимен?…

повеќе...

Велестовци сакаат нов поп

Членовите на Црковниот одбор при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велестово,  преку WebOhrid, искажуваат огромно незадоволство поради, наводно игнорантскиот однос на парохискиот свештеник отец Сашо Ристески кон празничните богослужби за Благоец (Благовештение во населбата Рача) и за овогодишната велигденска богослужба во црквата „Успение на пресвета Богородица“ во Велестово. „Свештеното лице, попот Сашо Ристески не одржа богослужба во црквата „Свето Благовештение“ во Рача, ниту пак дојде овваа година во Велестово да врши богослужба за Воскресение Христово-Велигден. Од наша страна како Црковен одбор на „Успение на Пресвета Богордица“ Велестово е побарано…

повеќе...

Започна реконструкцијата на патот Охрид – Велестово

По 32 години се реконструира патот што го поврзува Охрид со село Велестово. Градежните активности за реконструкција и проширување на овој пат долг 4087.5 метри започнаа пред два дена. Градоначалникот Никола Бакрачески кој денес беше на увид посочи дека се работи за проект којшто е изработен од Општина Охрид а е финансиран од страна на Агенцијата за патишта на Р. Македонија . „Се работи за проект којшто е изработен од Општина Охрид а е финансиран од страна на Агенцијата за патишта на Р. Македонија со вкупна вредност од околу 164.…

повеќе...