Препорака: Да не се конзумира производот сецкан свински врат од лотовите 07632 и 07633, со рок на употреба од 21.07.2014 до 04.09.2014 година

Во врска со добиеното известување од Министерството за здравство за детектирано присуство на Listeria monocytogenes во производ сецкан свински врат на месната индустрија „Екстра меин“ од Куманово, Агенцијата за храна и ветеринарство веднаш ги презеде соодветните законски мерки, при што во текот на вчерашниот ден, од пазарот се повлечени производите од спорната серија, запрено е производството во оваа месна индустрија, земени се мостри од суровините, од работните површини, машините и од сите оние делови каде што евентуално може да се најде Listeria monocytogenes, за да се изврши споредување со изолатите…

повеќе...

АХВ со дополнителни мерки за превенција, намалување и елиминирање на ризикот од листерија

По вонредните инспекциски контроли кои ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство од почетокот на минатата недела, со цел превенција, намалување и елиминирање на ризикот од евентуално ширење на заразата со листерија, Агенцијата за храна и ветеринарство денес ги прошири активностите со: -Надополнување на годишната Наредба за извршување на ветеринарните мерки и контроли за заштита на јавното здравство од контаминенти или резидуи кои се пренесуваат од животните или производите од животинско потекло, со воведување на обврска за операторите со храна од животинско потекло за задолжително лабораториско испитување на сите лотови…

повеќе...