Почна обнова на регионалниот пат Новаци-Клепач

Регионалниот пат Новаци-Клепач, кој ги поврзува општините Могила и Новаци, ќе биде целосно обновен за една година. Инвестицијата за обновата на патот, во должина од 19,3 километри, изнесува 1,15 милиони евра, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој денеска во селото Добромири присуствуваше на почетокот на градежните активности. Мисајловски информира дека на последната средба со граѓаните, заедно со премиерот, им ветиле дека за еден месец ќе почне реконструкцијата и нагласи оти ветеното се реализира. „Почнуваме денеска, а за една година целосно ќе го рехабилитираме овој патен правец. Но…

повеќе...

Владата додели 42 милиони денари за 44 проекти за регионален развој

Вкупно 42 милиона денари за 44 проекти додели Владата на вториот јавен повик за рамномерен регионален развој. Како што соопшти денеска вицепремиерот Владимир Пешевски, проектите се доставени од центрите за развој на планските региони и од општините, а се разгледани и оценети по однапред утврдени критериуми од стручна комисија формирана во Министерството за локална самоуправа. Повикот беше организиран по ребалансот на Буџетот и распишан во септември годинава. Со реализација на двата повика годинава, со Програмата за рамномерен регионален развој, посочи Пешевски, од Буџетот на државата се финансирани вкупно 107 проекти…

повеќе...

Џонсон Контролс отвора нова фабрика во Струмица

По успешноста на фабриката во Штип, Џонсон Контролс отвора нов капацитет во Струмица. Станува збор за инвестиција вредна 20 милиони долари која ќе отвори 1.500 нови работни места. Како што соопштија денеска директорот во „Џонсон Контролс“, Вили Ван Лои и директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо по средбата со премиерот Никола Груевски, инвестицијата ќе стартува како браунфилд, во постоечка зграда, а потоа ќе прерасне во гринфилд. „Се соочувавме со капацитетски предизвици во Европа поради што направивме опсежни анализи и заклучивме дека треба да инвестираме тука“, рече…

повеќе...

Осигурителниот пазар континуирано расте, новите ризици нови можности за развој

Осигурителниот пазар во Македонија во последните години бележи континуиран раст. Раст е забележан и во делот на животното и неживотното осигурување. Друштвата кои работат на македонскиот пазар остваруваат висока стапка на раст на бруто полисираната премија, раст на вкупната актива, остваруваат солидни финансиски резултати, стабилни се и имаат доволно финансиски средства за исплата на обврските. Се очекува раст и понатаму со оглед на појавата на нови ризици. Ова беше истакнато на денешното одбележување на Денот на осигурувањето – 1 ноември, кој во Македонија се одбележува по петти пат. „Заклучно со…

повеќе...

Ставрески: Раст на осигурувањата во земјоделството од 63 отсто

Расте бројот на издадени полиси за осигурување во земјоделството. Податоците покажуваат дека земјоделците имаат склучено 3.784 договори за осигурување на своите посеви, на кои пак Владата им покрива 60 проценти од трошоците. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска по повод Денот на осигурувањето, рече дека осигурувањето во земјоделството годинава бележи раст од 63 проценти во однос на претходната година. „Почнувајќи од 2008 година Владата воведе мерка за помош за премии за осигурување за примарното земјоделското производство, природни непогоди и неповолни климатски настани. Бројот на склучени договори континуирано расте.…

повеќе...

Банките стабилни – штедењето расте, но помалку од лани

Банкарскиот сектор во Македонија е стабилен. Депозитниот потенцијал на банките е 4,7 милиони евра и тој постојано расте. Растот во септември на годишно ниво изнесува 6 проценти, но сепак е штедните влогови особено на населението се намалени под влијание на двата шока годинава од политички аспект. Ова беше истакнато денеска по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, кое 17 години го одбележува Здружението на банкарството при Стопанската комора на македонија. „Штедењето е клучниот столб на стабилноста на финансискиот систем и сите ние заедно Владата, Народна банка и банкарите…

повеќе...

Отворена Македонската амбасада во Токио

Со свечена церемонија во Токио, Јапонија, министерот за надворешни работи Никола Попоски, заедно со македонскиот амбасадор Андријана Цветковиќ и парламентарниот заменик министер за надворешни работи на Јапонија Мики Јамада, ја отворија Амбасадата на Република Македонија. Во своето обраќање пред присутните, како што соопшти денеска МНР, Попоски истакнал дека отворањето на амбасадата е историски момент во македонско-јапонските односи, а претставува логичен чекор по 21 година успешни билатерални односи меѓу двете држави. “истакнал Попоски. Шефот на македонската дипломатија ја нагласил важноста на ликот и делото на Кензо Танге во реконструирањето на руинираниот…

повеќе...

Отворен Центар за дизајн и иновации „Јавна соба“

Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ од синоќа и официјално им стои на располагање на припадниците на македонската дизајнерска сцена. Станува збор за нов урбан иновативен и мултимедијален простор кој се протега на површина од 1.450 метри квадратни како место на кое во иднина ќе се генерираат мноштво креативни идеи и ќе се развиваат дизајнерски продукти во областа на креативните индустрии во Македонија. На отворањето на Центарот присустуваа министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и амбасадорот на Холандија во Македонија Вутер Пломп.…

повеќе...

Груевски: Високиот ранг според добрата бизнис клима резултат на сработеното

Високото рангирање на Македонија на извонредното 12 место во светот според добрата бизнис клима, на шесто во Европа и прво во регионот, во конкуренција на 189 држави, е резултат на сработеното. Освен верификација на напорите на Владата за креирање подобра бизнис клима е и одличен сигнал за странските и домашните инвеститори, оцени премиерот Никола Груевски на прес-конференција во Владата. Според Груевски, најновото и првпат рангирање на 12 место во извештајот е успех за сите граѓани и за целата држава и ќе биде поттик и понатаму Македонија да работи на подобрување…

повеќе...

Груевски: Наш интерес е договорот да се спроведе

Наш интерес и интерес на државата е да се спроведе договорот од Пржино и ние сме посветени тоа да се случи што е можно побрзо, изјави денеска премиерот Никола Груевски. „Сакам да потврдам дека работните групи се во постојана комуникација со олеснувачот. Наш интерес и интерес на државата е да има спроведување на договорот и ние сме многу посветени на тоа колку што е можно побргу да се случи“, изјави премиерот Груевски на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата за последниот извештај на Дуинг бизнис на СБ за 2016 година.…

повеќе...