Промовиран нов современ дигитален мамограф во Поликлиниката Букурешт

Нов современ дигитален мамограф со висока резолуција и одличен квалитет на снимка е ставен во функција во Поликлиниката Букурешт во Скопје. По тој повод, вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Поликлиниката Букурешт, по што изјави дека станува збор за најсовремена технологија и за најсовремен мамограф со најдобри перформанси во однос на сите останати инсталирани во државата досега. Посочи дека со новиот мамограф ќе може да се прават двојно поголем број снимања во таа јавна здравствена установа. „Ако досега се правеле шест снимања дневно сега ќе се…

повеќе...

Продолжува проектот за бесплатни учебници

Проектот за бесплатни учебници за основци и за средношколци за кои во изминатите години се дадени околу 40 милиони евра ќе продолжи оваа година. Се планира за таа цел да бидат вложени 11 милиони евра, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. „Проектот е воведен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, не беше ветен во програмата, но сепак, година две откако дојдовме на власт оценивме дека тоа би била значајна помош за семејствата затоа што илјадници семејства плаќаа околу 100 евра за учебници за своето дете. Оние што имаа по две или три…

повеќе...

Дополнителни договори за кривични дела и екстрадиција меѓу Македонија и Италија

Македонија и Италија од денеска имаат дополнителни билатерални договори кон европските Конвенции за меѓусебна правна помош во кривичните предмети и за екстрадиција. Министрите за правда на двете земји Валдет Џафери и Андреа Орландо денеска во Скопје ги потпишаа дополнителните билатерални договори меѓу Република Македонија и Република Италија кон Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривичната материја од 20 април 1959 година и кон Европската конвенција за екстрадиција од 13 декември 1957 година. „Во функција на подобрување на односите меѓу Македонија и Италија и надминување на проблемите што се јавуваат…

повеќе...

Успешното управување со јавните финансии останува приоритет

Успешното управување со јавните финансии останува приоритет и во 2016 година, што подразбира дисциплинирана буџетска потрошувачка, редовно исплаќање на обврските и поддршка на макроекономската стабилност, рече денеска министерот за финансии Кирил Миноски, образложувајќи го ребалансот на Буџетот пред пратениците. Според него, политичката и економската состојба во земјата и остварените макроекономски параметри во првата половина од годината соодветно се одразуваат и врз остварувањата на Буџетот. Согласно очекувањата за овој период, расходите се извршуваат редовно и навремено. Осврнувајќи се на макроекономските движења во 2016 година, Миноски рече дека во првото тримесечје БДП…

повеќе...

Висока владина поддршка за вработување на лица во социјален ризик

Со средства за плати и дополнителен надоместок за компаниите кои ќе вработат лица во социјален ризик, Владата субвенционира вработување на лица од различни ранливи категории. За таа цел во тек е огласот преку Агенцијата за вработување според кој право на аплицирање имаат 7 категории на регистрирани невработени лица. Првите три категории се корисници на социјална парична помош, лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа (корисници на парична помош 18-26) и лица кои биле корисници на програмата Условен паричен надоместок за средно образование.…

повеќе...

Попоски: Сега е важно договореното да се испочитува

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска изјави дека вчера постигнатиот меѓупартиски договор е важно да се испочитува, бидејќи тоа е клучно за надворешната политика на Македонија и ќе значи позитивна препорака од ЕУ. „Претрпевме преголема штета од политичката криза во изминатиот период и мислам дека секој исчекор кон намалување на неизвесноста и некоја поголема видливост за тоа кога би можеле да одржиме избори е позитивна работа за Република Македонија“, смета Попоски. Според него, сега е важно договореното да се испочитува, што е клучно за надворешната политика на…

повеќе...

Телефонски разговор на Попоски со турскиот министер Чавушоглу

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски во текот на ноќта телефонски разговарал со турскиот колега Мевљут Чавушоглу при што било потврдено дека турските власти работат на враќање на редот и мирот во државата и дека набрзо ќе бидат отстранети сите можни закани. ­ Попоски во разговорот истакна дека Република Македонија најостро ги осудува сите акти на насилство и терор и изразува поддршка на демократски избраните институции. Воедно, изрази и сочувство до семејствата на сите загинати и/или повредени во вчерашните настани во Турција, информира Министерството за…

повеќе...

ЕУ институционална средба со Министерството за информатичко општество

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Арбр Адеми и заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска одржаа работен ЕУ координативен состанок со министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), посебен фокус бил ставен на активностите во делот на реформата на јавна администрација и слободата на изразување и медиумите. Се дискутирале и активностите во надлежност на Министерството за информатичко општество и администрација, а се поврзани со процесот на европска интеграција, итните…

повеќе...

Стартува владиниот проект „Македонија вработува 2“

Компаниите да ги искористат поволностите од владиниот проект „Македонија вработува 2“ кој ќе овозможи дополнително отворање работни места и намалување на невработеноста, порача премиерот Емил Димитриев при денешната посета на фабриката за кондиторски производи „Милина свитс“, корисник на првата фаза од проектот. Успешната бизнис приказна на „Милина свитс“, укажа, се разви благодарение на мерката на Владата „Македонија вработува 1“, па така во фирмата од вкупно 18 вработени, 15 лица од различни категории се вработени преку владината мерка. Само во Штип и штипско преку владиниот проект, како што истакна Димитриев, се…

повеќе...

Димитриев апелира на конструктивност за надминување на кризата

Премиерот Емил Димитриев денеска апелира на конструктивност од сите политички партии за да се надмине политичката криза во земјава. Димитриев вели дека партиите имаат средби на разни теми и се надева кога ќе оценат оти постои суштина и оправданост ќе дојде до нова лидерска средба за надминување на политичката криза. „Како претседател на Владата јас се надевам дека и апелирам сите партии да имаат максимална конструктивност се со цел што побрзо да заврши оваа политичка криза која има негативни последици и по економијата и по другите сфери на општетсвеното живеење.…

повеќе...