Се расчистува влезот на Охрид

Денес екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” по налог на комунална инспекција расчистуваа на влезот на Охрид кај “петљата”, расфрлан и намерно депониран комунален отпад, при што беа ангажирани 4ца комунални работници. Од претпријатието со апел до населението да не создаваат диви депонии, отпадот да се депонира во депонија ако е во поголеми количини или граѓаните можат да се јават кај службите на ЈП „Охридски Комуналец“ за подигнување на истиот.

повеќе...

Засадени цвеќиња на влезот од Охрид

ЈП „Охридски Комуналец” со дел од цветниот расад изврши освежување на зелената површини кај сообраќајната клучка на влезот во Охрид со садење на цвеќиња од видот виола – „очиња”. Екипи на јавното претпријатие извршија и метење на улиците кај месноста Лагадин, с.Лескоец и с.Елшани.

повеќе...

Се чистат јавните површини на влезот од Охрид

Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ денес го чистат поширокото подрачје на влезот од Охрид, кај детското игралиште на Булевар „Туристичка“. Согласно утврдената динамика и план се очекува акцијата да заврши во текот на денешниот ден. ЈП „Охридски Комуналец“ периодов реализира низа акции за чистење на јавни површини и добра низ целата територија на општина Охрид. Веќе се исчистени регионалниот пат Охрид- Св. Наум и локалниот патен правец Орман- Лакочереј. Изминатиов период се санираа и чистеа и речните корита и охридските реки. Од Секторот за комунален развој при општина Охрид најавуваат…

повеќе...