Вељаноски и Џафери на средба со македонските мировници во Авганистан

Придонесот на Република Македонија во рамки на силите ИСАФ, како и можностите за иден придонес во рамки на мисијата на Алијансата по 2014 година, во поддршка на процесите за стабилизирање и демократизација на земјата, беа темите на кои денес во Кабул, Авганистан, разговараа министерот за одбрана, Талат Џафери и претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски со заменик-командантот на силите, генералот-потполковник Џон Лоример и со најстариот цивилен претставник на НАТО во Авганистан, амбасадорот Мауриц Јохемс. Воедно, во рамки на посетата на ИСАФ, министерот Џафери и претседателот на Собранието Вељаноски ги…

повеќе...

Свечена заклетва на 17 класа питомци на Воената академија

Во Воената академија во Скопје денеска свечена заклетва дадоа питомците од 17 класа – студенти од првиот циклус на студии во учебната 2013/2014 година. На 31 питомец, од кои 26 од Република Македонија, по двајца од Црна Гора и од Косово, како и еден од Босна и Херцеговина, министерот за одбрана Талат Џафери честитајќи им на заклетвата, нагласи дека во наредните четири години преку практична и теоретска настава според светските стандарди, ќе се здобијат со современи знаења од воената професија. Осврнувајќи се на позицијата на АРМ, која од 2002 година…

повеќе...