Одржано седмото првенство во крос-кантри трчање на АРМ

Денес  во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево, во организација на Генералштабот на АРМ се одржа седмото првенство во крос-кантри трчање на АРМ. Кросот се одржа на посебно уредена патека во во рамките на автодромот во касарната во Кичево, а се трчаше на 10 km во машка и на 5 km во женска конкуренција, каде настапуваа натпреварувачи од сите команди и единици на АРМ, Воената Акаденија и Атлетската Федерација на Македонија. Седмото првенство во крос-кантри го отвори Заменикот на командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Мухамет Рацај, а…

повеќе...

Груевски: Затворено е прашањето со професионалните војници, решен е статусот на стечајците

Статусот на стечајците кои работеле во државни претпријатија со над 25 години стаж е целосно решен, а затворено е и прашањето со вработувањето на професионалните војници,истакна вечерва премиерот Никола Груевски. Прашањата за стечајците и за професионалните војници не е ново, потсети Груевски додавајќи дека опозициската партија СДСМ имаше можност кога беше на власт да ги реши, но не го стори тоа.  „Огромен број од тие стечајци е создаден во времето на транзицијата, на СДСМ, во времето на масовната приватизација. Ние сме единствената влада која се погрижила да го реши ова…

повеќе...

Јанкулоска: Единицата го заслужува епитетот – елитна

„Денес овде заедно чествуваме еден исклучително значаен датум, денот на формирање на Единицата за специјални задачи „Тигар“- 13 март. Единица на која што МВР, но и граѓаните на Република Македонија се особено горди, затоа што станува збор за структура составена од луѓе кои со својата подготвеност, пожртвуваност, и други професионални квалитети со право докажале дека Единицата го заслужува епитетот елитна“, истакна меѓу другото министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во своето поздрано обраќање пред припадниците на ЕСЗ во касарната Илинден а по повод 13-Март денот на формирање на оваа…

повеќе...

Полкот за специјални операции го прослави Денот на единицата и Јубилејот „20 години сили за специјални операции“

Денес, 28-ми февруари 2014 година, во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа свеченост по повод денот на Полкот за специјални операции (пСО) со која се одбележа и Јубилејот „20 години сили за специјални операции“. На свеченоста присуствуваа: Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, Државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Собранието и Владата на Република Македонија, високи претставници од МО, командантите на  потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа и други високи гости. „Јубилеите се паметник…

повеќе...

Утре ќе се одржи oтворен ден на полкот за специјални операции на АРМ

Утре, 19-ти февруари (среда) во касарната „Илинден“ во Скопје со почеток во 11.00 часот ќе се одржи Отворен ден на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ. На Отворениот ден припадниците на пСО пред посетителите ќе се претстават со изложба на борбените средства, техниката и опремата со кои се опремени. Покрај изложбата на техниката и опремата, „волците“ и „ренџерите“ на АРМ, ќе демонстрираат: дел од обуката на мултифункционалната алпинистичка кула, тактичка вежба „блиска борба – заседа“, обука за обезбедување на високи воени раководители, употреба на беспилотни летала и хеликоптер, а…

повеќе...

Во Домот на АРМ ќе се одржи брифинг за борбената готовност на АРМ за 2013 година

Утре, 17-ти февруари (понеделник), со почеток во 10.00 часот, во Домот на АРМ во Скопје, ќе се одржи брифинг за борбената готовност на АРМ за 2013 година. На брифингот за борбената готовност ќе присуствуваат: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили  Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана Талат Џафери, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, клучниот персонал од МО, командантите на потчинетите команди и единици и клучниот персонал на ГШ на АРМ. Брифингот за борбената готовност е редовна обврска на ГШ на АРМ кон Претседателот на…

повеќе...

Одржана церемонија за прогласување на најдобар спортист во МО и АРМ за 2013 година

Денеска во просториите на Министерството за одбрана (МО) и ГШ на АРМ се одржа церемонија за прогласување на најдобар спортист во МО и АРМ за 2013 година. Признанијата и медаљите за најдобар спортист во МО/АРМ за 2013 година ги додели Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини. За најдобар спортист спортист во МО/АРМ за 2013 година во машка конкуренција е прогласен професионалниот војник Дарко Дамјановски за постигнатите успеси во нордиско скијање-Биатлон, а во женска конкуренција питомецот на Воената Академија ,,Михаило Апостолски“ Благица Димитрова, која во изминатата година…

повеќе...

Законите за стечајците и за професионалните војници усвоени од Владата

Законските решенија за стечајците и професионалните војници со кои се решава проблемот на околу 7.000 лица поминаа на владина седница. Предлозите се испратени на усвојување во Собранието и се очекува во многу краток рок да бидат донесени. – Како што ветивме, Владата на вчерашната седница ги усвои измените кои се однесуваат на законите за материјално обезбедување на лицата кои останале невработени како резултат на приватизацијата на државните компании и законските измени на Законот за служба во АРМ, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Како што појасни, со законското решение за стечајците…

повеќе...

Премиерот Груевски најави план за нови вработувања во АРМ

Владата прави планови и сериозно е насочена кон обезбедување на сите процеси и подготовки за нови вработувања во Армијата, со цел пополнување на нејзиниот персонален состав со околу 100 проценти пополнетост, истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето пред синдикатите во Домот на АРМ. Вториот стратешки фокус на Владата во областа на одбраната, според Груевски, ќе биде доопремување на Армијата со потребната опрема согласно долгорочниот план за развој на одбраната. Според премиерот, Владата работи на клучна мерка со која професионалните војници по својата 45-годишна возраст, откако ќе ја напуштат службата, да…

повеќе...

Врвна обученост и високи резултати на тактичката вежба со бојно гаѓање во рамките на вежбата „Македонски Блесок-9“

Денес, 17-ти октомври, во рамките на воената вежба „Македонски Блесок-9“ на Армискиот полигон (АП) „Криволак“ за Денот за високи гости се изведе тактичка вежба со бојно гаѓање „Засилена средна пешадиска баталјонска група (СПБГ) во напад“. На Денот за високи гости присуствуваа: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана Талат Џафери, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, Заменикот на министерот за одбрана Емил Димитриев, Командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал-мајор Методија Величковски, пратеници од Соранието на Република Македонија,…

повеќе...