Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, изнесува 100.7. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (7.3%), Градежништво (4.0%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.0%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (7.2%), Административни и помошни услужни дејности (3.6%) и Трговија на големо и…
повеќе...Tag: завод
Во јануари потрошени 946.302 мегават часови електрична енергија
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 946 302 МWh електрична енергија, 28.773 мил. nm3 природен гас, 662 370 тони јаглен и 57 518 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 61.1% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека домашното производство на лигнит учествува со 97.6% во вкупната потрошувачка на јаглени.
повеќе...Намален бројот на ученици во основните и средните училишта
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2013/2014 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 191 051 што претставува намалување за 2.2% во однос на претходната учебна година. Бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2013/2014 година, изнесува 86 418 што претставува намалување за 3.9% во однос на претходната учебна година.
повеќе...Зголемен бројот на магистри на науки и специјалисти во Македонија
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1 664 лица од кои 1 558 или 93.6% се магистри и 106 или 6.4% се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2012 година, е зголемен за 6.1%. Учеството на жените магистри во вкупниот број на лица кои стекнале научен степен магистер на науки во 2013 година изнесува 57.4%. Во 2013 година, најголем број од магистерските трудови, 1 012 или 65%, се од областа на општествените науки, 18.2% се од областа…
повеќе...Продолжуваат активностите за заштита на манастирот Трескавец
Стручните служби на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Прилеп започнаа со годинашните активности предвидени со програмата на Министерството за култура за заштита на манастирот „Трескавец“ во Прилеп, кој е споменик на културата од 14 век. Оваа година ќе се изработуваат проектите за конзервација и реставрација на архитектурата и на живописот на црквата Успение на Пресвета Богородица, како и проектот за конзервација на камбанаријата, маѓерницата и на маѓерничкиот конак во овој значаен културно-историски споменик. Паралелно со овие активности, продолжува и доработката на проектот за санација, реконструкција и…
повеќе...