Во јануари потрошени 946.302 мегават часови електрична енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 946 302 МWh електрична енергија, 28.773 мил. nm3 природен гас, 662 370 тони јаглен и 57 518 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 61.1% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека домашното производство на лигнит учествува со 97.6% во вкупната потрошувачка на јаглени.