Колку често користите интернет?

Според анкетата на WebOhrid во која учествуваа 118 испитаници, голем е бројот на оние кои не можат без користење на интернет со 82%, 17% повремено користат интернет, додека пак 1% од читателите ретко користат интернет.

Технологијата се повеќе и повеќе се развива, а потребата од користење на компјутери и интернет зема се поголем замав. Интернетот е дел од нашето секојдневие, отвора нови прозорци и е незаменливо средство за комуникација, информирање и многу други можности, дури и за работа.

WebOhrid