Свеченост во манастирот „Св.Петка“- Велгошти, по повод 113 години од формирањето на првата востаничка чета во охридско

По повод 113 години од формирањето на првата востаничка чета во охридско вечерва во атарот на манастирот Света Петка – Велгошти ќе се одржи пригодна свеченост.

На свеченоста свое излагање ќе има Вангелко Лозановски професор по македонски јазик и литература.

Најголем успех на Охридската револуциoнерна организација е формирањето на револуционерната чета. Свечениот чин се одиграл во манастирот Света Петка , во Велгошти на 6 јули 1901 година . Тој факт сам по себе многу зборува . Формирањето на четата во Света Петка не е само поради блискоста до Охрид, туку и поради приврзаноста на Велгоштани кон делото на Организацијата.

Во чест на 80-годишнината од формирањето на првата Охридска револуционелна чета, во манастирот Света Петка 22. XII 1981 година Месната заедница од с. Велгошти откри спомен-плоча.

Свеченоста е во организација на МК на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти.