Блажески: Се надевам дека во теков на деновиве ќе се осмелите и нема да избегате од мегданот

Портпаролот на ОИШ на Сојузот за иднината Дејан Блажески на денешната прес-конференција се осврна на последниот прес кој се однесуваше на културното наследство и библиотеката во Охрид, кој како што рече тој, предизвикал бурни реакции.

„Најголемото разочарување е тоа што, место на партиски пресови да одговараат креаторите и одгворните за ваквата политика, односно ВМРО-ДПМНЕ и нивниот изборен штаб, тоа во нивна служба го направија директорите на институциите. За една земја, која претендира да стане дел од демократското цивилизирано семејство недозволиво е на партиски прозивки, испратени директно од еден изборен штаб до онај на политичкиот противник, да одговараат директорите на овие институции. Ова е само еден непобитен доказ за нашата преполитизираност и зависност на раководниот кадар на институциите од Владата, кои не само што имаат за задача да ги спроведуваат погубните политики, туку и мора да ги бранат со изјави“. – истакна Блажески.

Како што кажа Блажески, ваквото однесување, односно директното вклучување во избори, без при тоа да бидат директно прозвани, зборувало за нивната недораснатост како демократија и претставувало неоспорен доказ дека го допреле политичкото дно.

„Долгот на ваквото однесување го плаќаат граѓаните и институциите во кои работат надлежните. Уште еднаш, се докажа неспособноста за вистински промени, немањето чувство за контекстот и времето и дека професионализмот не само што ни е слаба страна туку воопшто го немаме“. – додаде Блажески.

Блажески како што потенцира, оваа прес-конференција не била насочена кон раководителите на овие установи, туку напротив кон однесувањето на нивниот  политички противник.

„Почитувани, Вие место да одговорите дали ќе дојдете на јавно соочување со нас, со цел граѓаните да може објективно да дознаат кој и за што е надлежен, кој, какви дела и прецепции има за иднината на овој град, вие се правите дека не слушате, бегајќи од мегданот и оставајќи место вас медиумската војна да ја водат раководителите на институциите кои се во ваша надлежност“. – рече Блажески.

Блажески уште еднаш, го повика кандидатот за градоначалник Бакрачески на дуел со актуелниот градоначалник Александар Петрески, носителот на листата на ДПМНЕ д-р Јованка Точко со носителот на листата на Сојузот за иднината проф. д-р Јован Стојаноски и портпаролот на ДПМНЕ Никола Митровиќ со портпаролот на Сојузот за иднината Дејан Блажески.

WebOhrid