Сливово доби нов асфалтен пат

Денес Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид врз градежните работи кои се одвиваат за реконструкција на патот од с.Сливово до спој со магистралниот пат М4 Охрид-Кичево при што ги увиде активностите кои се одвиваат на овој пат кој е во должина од 2.831,00 метар и вредност од 8.275.698.00 денари. 

„Денес сме сведоци на изградбата на патот од село Сливово до магистралниот пат Охрид – Кичево, кој е во должина од  2 км и 850м и за што се издвоени некаде околу 8 и пол милиони денари од страна на Агенцијата за државни патишта на РМ, заедно со нивна поддршка, еве реализираме едно од ветените дела во изборната програма“, – изјави градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски.

Трајковски напомна дека во текот на оваа календарска година инвестициите во патната инфраструктура, односно во улиците во општина Дебарца се зголемуваат за два и пол милиони од  досегашните три и пол милиони денари.

„Имаме инвестиции во износ од 6 милиони денари што значи дека на жителите на општина Дебарца каде што има потреба ќе им бидат реконструирани и асфалтирани нови улици и патишта“, – додаде Трајкоски.

AsfaltiranjeSlivovo01 AsfaltiranjeSlivovo03