УИНТ „Св. Апостол Павле“ изработи апликација за Фудбалската Федерација на Македонија

Tимот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ за потребите на Фудбалската федереација на Македонија изработи апликација за прикажување на резултатите од фудбалските натпревари организирани од ФФМ. Оваа Апликацијата дава можност преку користење на мобилни уреди, официјалните лица да ги внесуваат резултатите од натпреварите кои се играат во моментот. Истите податоци во реално време се прикажуваат на веб страницата на ФФМ. Тоа им овозможува посетителите на страницата во секој момент да знаат кои натпревари се играат, тековниот резултат, број на жолти и црвени картони, измени и слично.

„Апликацијата е наменета за делегатите на фудбалските натпревари. Пред самиот почеток на натпреварот на делегатите им се доделуваат екипите кои играат на претстојниот натпревар. Тие потоа се најавуваат со своето кориснички име и лозинка. По најавувањето се врши избор на активни и резервни играчи. Во текот на натпреварот делегатите ги евидентираат сите тековни настани, кои фудбалските фанови може да ги проследат во реално време на веб-страницата на ФФМ“, објаснува Дијана Цапеска Богатиноска, дел од тимот на „Св. Апостол Павле“ кој ја изработи оваа апликација.

„Информатичките науки и технологиии се присутни во сите сегменти од општеството, вклучувајќи го и спортот. Нашите колеги, студенти, со задоволство се вклучија во изработката на оваа аликација, препознавајќи го предизвикот од соработката со Фудбалската федереација на Македонија,“ изјави Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, Нинослав Марина.

UINT_tim_02