„Легендата за Сарила“ ќе се прикажува вечерва и утре во Центарот за култура

На кино репертоарот во Центарот за култура и вечерва и утре, со почеток во 19:30 часот, ќе се прикажува анимираниот авантуристички филм „Легендата за Сарила“.

Земја на потекло: Канада

Јазик: Англиски

Режија: Nancy Florence Savard

Сценарио: Roger Harvey, Paul Risacher

Времетраење: 80 минути.

Улоги: Christopher Plummer, Rachelle Lefevre, Dustin Milligan

На далечниот север, есента 1910 година, гладта му се заканува на привремениот логор на младите Инуити. Ситуацијата станува сè полоша бидејќи ловците од ден за ден се враќаат со празни раце. Шаманот Крулик, кој никому не му е познат, фрлил маѓија на племето и таа предизвикала сите животни од тој простор да исчезнат. Меѓутоа, надежта се крие во легендата за Сарила, ветена земја меѓу глечерите. Според легендата, само личност со чисто срце може да премине во ветената земја. Тројца млади Инуити тргнуваат во потрага по Сарила, надевајќи се дека ќе го спасат своето племе од глад.

Влезот чини 50 денари.