Охрид следната недела ќе биде домаќин на „Информатијада 2014“

Следната недела во Охрид ќе биде домаќин на   најголемиот ИТ настан на Балканот „Информатијада 2014“, како интернационално ИТ дружење.

Повеќе од 400 студенти – информатичари ќе имаат можност да присуствуваат на работилници и предавања на познати ИТ експерти од регионот, а истовремено и да се забавуваат и натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини.

На отворањето ќе се обратат Министерот за информатичко општество и администрација , Иво Ивановски, директорот на агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и главниот организатор на Информатијада 2014, Давор Поповски.

Петдневното IT дружење ќе започне на 9-ти октомври (четврток), во хотелот „Десарет“ во Охрид.