Претседателот на СДСМ Заев се сретна со координаторките на општинските Форуми на жени

Реализацијата на новата Стратегија за политичко делување на СДСМ и активностите кои се во тек беа централна тема на денешната средба на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев со координаторките на општинските Форуми на жени.

„Силно веруваме во Стратегијата, во сите четири столба. Нејзината реализација е гарант за враќање на демократијата и просперитет на Република Македонија. Ќе останеме фокусирани на овој партнерски однос со граѓаните. Гледаме дека власта сака да копира некои наши активности но тоа е само бледа копија без суштина. Ние работиме заедно со граѓаните и така ќе продолжиме. Заедно да ја вратиме Македонија во вистинската насока.“ рече Заев.

Претседателот Заев се заблагодари за поддршката од општинските Форуми на жени и нивната вклученост во реализација на Стратегијата. Заеднички беше заклучено дека тоа дополнително ќе биде придонес кон темелно градење на партнерскиот однос со граѓаните.

На средбата се разговраше и за предизвиците со кои се соочуваат жените во Македонија денес.

Sredba Zaev-Forum na zeni 2