Донесен правилник за изменување и дополнување на правилникот за спроведување на Законот за акцизите

Врз основа на член 58 од Законот за акцизите („Службен весник на РМ“ број 32/01 … 167/2014), министерот за финансии донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за спроведување на законот за акцизите. Овој правилник е објавен во Службен Весник на Република Македонија бр. 172 од 21.11.2014 година и истиот ќе стапи на сила на ден 22.11.2014 година.

Најважни измени кои се извршени со овој Правилник се следниве:

-Се пропишува утврдување на енергетската вредност на нафтен кокс за што ќе се користи потврда за квалитет издаден од институција која врши анализа согласно меѓународно признати стандарди, во кој е искажана бруто калоричната вредност на нафтениот кокс;

– Се намалува количинскиот услов за акцизен склад за пиво на најмалку 1.000.000 литри пиво во текот на една календарска година;

– Се пропишува начинот на евиденција на трговците на мало со обележани минерални масла на купувачите по даночен број за правните лица и единствен матичен број на граѓанинот и адреса на живеење за физичките лица кои купуваат количини над 20 литри по претходна согласност од физичкото лице имател на информациите;

– Се овозможува, по исклучок, а на барање на имателот на акцизна дозвола или увозникот, во случаите кога се користат нестандардни пакувања, еклсклузивни серии, ограничени серии, ограничени количини наменети за промотивни цели и слично, Царинската управа може да одобри издавање на контролни марки во број помал од 600 парчиња.