Лоциран и приведен осуденик на доживотна затворска казна

По предходно добиени оперативни сознанија, во раните утрински часови завчера (31.12.) СВР Куманово во содејство со ЦПС спроведе организирана акција при што е лишен од слобода Авди З. (47) од Куманово за кого беше распишана централна потерница за издржување на затвроска казна – доживотен затвор.

Имено, меѓу другото, Авди З. е сторител на убиството од 09.11. 2013 година во Скопје во населбата Чаир, каде што на улицата Никола Петров со пет куршуми од пишто тој го застрелал Зеќир Зечири (46) од Гостивар. Исто така приведениот е сторител и на три “убиства во обид“. Првото сторено на 21.02.2003 година, околу 14,30 часот, кога на локалниот пат Куманово-с.Речица, под клучката на автопатот Куманово-ГП Табановце, со пиштол НН марка кал.9мм, сопрел ПМВ „Цитроен“ со кумановски регистарски таблички во кое биле три лица меѓу кои и С.И. од Лојане кого го извадил од возилото и во непосредна близина од возилот во него испукал пет куршуми при што едниот завршил во стомакот, два во двете надколеници и еден во десната потколеница, додека со едниот го промашил.

Потоа второто кривично дело убиство во обид Авди З. го извршил на 27.11.2003 година, околу 11,00 часот, кога пред влезот на Здравсктвен дом Куманово, се обидел да го лиши од живот оштетениот С.Н. од Куманово. Додека оштетениот седел во возило, до него дошол Авди З. и преку левата предна врата испукал осум куршуми во правец на оштетениот од оружје непозната марка кал.9мм при што му нанел три прострелни рани во левата и десната бутина и десната подколеница. Третото “убиство во во обид“ се случило на 20.09.2008 година, околу 09,00 часот, кога пред пруга во с.Лопате, Авди З. се обидел да го лиши од живот А.И. од Куманово, на начин што со пиштол НН марка кал.9мм испукал околу 12 куршуми кон возилото што го управувал оштетениот при што му нанел огнострелни рани на левата подлактица, една влезно-излезна рана, на левата надлактица, две влезни и една излезна рана со предизвикана фрактура на надлактицата и една влезна рана на левата страна од градниот кош.

Инаку, Авди З. во периодот од 1999 до 2008 година е кривично пријавуван и за други кривични дела како – “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“,„Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, “изнуда“, “злосторничко здружување“.

avdi zeneli 02.01.2015