Царинарница Битола се уште работи отежнато

Од Царинската управа информираат дека поради прекин во снабдувањето со електрична енергија и интернет врските, како и големите наноси снег и денес, 2 јануари 2015 година работата на повеќе гранични царински испостави на територијата на Царинарница Битола се одвива во отежнати услови.

Поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија, прекин на телефонската и интернет врската, како и недорасчистените наноси од снег на патишатата, работата во царинската испостава Ќафасан се одвива крајно отежнато, посебно на отсекот за стоково царинење. Иста е ситуацијата и во царинската испостава Стење.

Во отежнати услови поради нерасчистените наноси од снег на патишатата работаат и царинските испостави Блато и Свети Наум.