In Memoriam – Војислав Спасески

Денеска во 75тата година од животот почина доајенот на охридскиот фудбал Војислав Спасески.

Спасески својата спортска кариера ја започна во Фудбалскиот клуб Охрид а во долгите години на спортските терени играл за повеќе клубови како Брегалница од Штип, Работнички Скопје, Пелистер – Битола, Победа од Прилеп, Младеновац од Република Србија. Во неговата биографија стои дека играл и за Студентската репрезентација на СР Македонија во 1961 та година.

Војислав Спасески долги години беше тренер на Фудбалскиот клуб Охрид. А како неуморен спортски работник беше и основач на подмладокот на охридскиот фудбалски клуб.

Посмртните останки на Војислав Спасески ќе бидaт изложени утре од 12 до 13 часот во капелата на Градските гробишта во Охрид.