Одреден 30-дневен притвор на уличен дилер во Скопје

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава за лицето Д.Ј. (33) од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Имено, пријавениот кој во временскиот период од 1998 до 2011 година е петпати кривично пријавуван за извршени имотни деликти и деликти проследени со насилство, на 26.02.2015 бил во возило со уште две лица, кое од страна на полициски службеници на ЕПОИ АЛФА кои вршеле редовни работни задачи, било сопрено на ул. „11-ти Октомври“. При изршено легитимирање на лицата и преглед на возилото кај пријавениот се пронајдени 40 црвени таблети и две полиетиленски кеси со непозната прашкаста материја. Истиот е лишен од слобода и предаден во Единицата за недозволена трговија со дрога, а по извршеното вештачење на таблетите и прашкастата материја е утврдено дека станува збор за 40 таблети екстази, осум половинки од таблети екстази, два грама издобени таблети екстази и околу девет грама прашкаста материја амфетамин, за кои пријавениот не дал појаснување од каде и од кого ги набавил. Од страна на Судија на претходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор во траење од 30 денови.

rsz_11045366_10152893102289442_2777206074897498590_n