Македонија на 105 место според најновата ФИФА рејтинг листа

Репрезентацијата на Македонија забележа скок од три места и се наоѓа на 105 место според најновата ФИФА рејтинг листа. Овој скок се должи на нерешениот пријателски дуел против репрезентацијата на Австралија 0:0 кој се одигра во Скопје.

На врвот на ФИФА рејтинг листата и понатаму се наоѓаат Германија и Аргентина, додека пак Белгија се искачи на третото место, потоа следуваат Колумбија, Бразил, Холандија, Португалија, Уругвај, Швајцарија и Шпанија.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Бутан, со скок од +46 места се најде на 163 место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Нова Каледонија од -23 места која се најде на 174 место.

WebOhrid