Македонија се искачи на 85 место на ФИФА рејтинг листата

Македонската репрезентација забележа нов скок на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа, Македонија се наоѓа на 85 место, благодарение на нерешениот исход 1:1 против Италија во гости, како и победата од 4:0 против Лихтенштајн на домашен терен. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде останува водечката тројка Германија, Бразил и Португалија. Најголем скок од +22 места изминатиот месец забележа репрезентацијата на Туркменистан која се искачи на 114 место. Најголем пад од -25 места забележа репрезентацијата на Еквадор која се најде на 60 место. WebOhrid

повеќе...

Македонија се искачи на 103 место на ФИФА рејтинг листата

Македонската репрезентација забележа скок на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа, Македонија се наоѓа на 103 место, благодарение на победата од 0:1 против Израел во гости, како и нерешениот резултат 1:1 против Албанија на домашен терен. Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата каде се искачи Германија, пред Бразил кој падна на второ место, додека пак Португалија се искачи на третото место. Најголем скок од +47 места изминатиот месец забележа репрезентацијата на Кејп Верде островите која се искачи на 67 место. Најголем пад од -31 место забележа репрезентацијата на…

повеќе...

Македонија на 135 место на најновата ФИФА рејтинг листа

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од -1 место и сега се наоѓа на 135 место од ФИФА рејтинг листата. Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата каде се искачи Бразил, додека пак Германија и Аргентина следуваат на второто и третото место. Најголем скок од +20 места изминатиот месец забележа репрезентацијата на Намибија која се искачи на 136 место. Најголем пад од -18 места забележа репрезентацијата на Кирасо која се најде на 86 место. WebOhrid

повеќе...

Скок од две места за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа

Според најновата ФИФА рејтинг листа Македонија забележа скок од +2 места и сега се наоѓа на 134 место. Овој напредок се должи на нерешениот исход 0:0 кој нашата репрезентација го одигра на 5 јуни на пријателскиот натпревар против Турција. Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата каде се искачи Германија, додека пак Бразил и Аргентина следуваат на второто и третото место. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Андора од +57 места се искачи на 129 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Намибија од -62 места и се…

повеќе...

Македонија останува на 133 место на ФИФА рејтинг листата

Нема промени за Македонија на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа Македонија останува на 133 место. Нема промени и на врвот од ФИФА рејтинг листата каде останува водечката тројка Бразил, Аргентина и Германија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Мадагаскар од +9 места се искачи на 111 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Малави од -14 места и се најде на 114 место. WebOhrid

повеќе...

Голем скок за Македонија на ФИФА рејтинг листата

Благодарение на двете победи од по 3:0, едната против Лихтенштајн во квалификациите за Светско првенство, а другата на пријателскиот натпревар против Белорусија, Македонија конечно забележа скок на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа Македонија сега се наоѓа на 133 место. Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата каде Бразил се искачи на првото место, а со тоа Аргентина падна на второто место, додека пак Германија остана на третото место. Најголем скок изминатиот месец забележа токму репрезентацијата на Македонија од +33 места се искачи на 133 место. Најголем пад…

повеќе...

Македонија на 166 место на ФИФА рејтинг листата

Според најновата ФИФА рејтинг листа Македонија се наоѓа на 166 место, откако нашата фудбалска репрезентација забележа пад од -1 место. И повторно, ова претставува ново најниско место за нашата фудбалска репрезентација. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде остануваат Аргентина, Бразил и Германија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Суринам од +9 места се искачи на 120 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Мијанмар од -13 места и се најде на 172 место. WebOhrid

повеќе...

Интензивни подготовки на ФФМ за УЕФА Супер Купот Скопје 2017

Фудбалската федерација на Македонија интензивно работи на подготовките за УЕФА Супер Куп натпреварот кој го организира на Националната арена во Скопје. Оваа недела во посета на ФФМ и нашиот главен град е бројна работна делегација на УЕФА. Активностите за реконструкција на просториите на северната трибина (Прес центар, простории за медиуми, позиции за ТВ камери, ВИП ресторани, канцеларии, паркинг зони) и доизградба на фасадното обликување веќе се во завршна фаза, а гостите од УЕФА се исклучително задоволни од сработеното во однос на минатата посета. „ФФМ направи големи напори за да можеме…

повеќе...

Македонија со ново најниско место на ФИФА рејтинг листата

Македонија се наоѓа на 165 место на најновата ФИФА рејтинг листа. Ова е нов најнизок „рекорд“ откако нашата фудбалска репрезентација забележа пад од -3 места. Сега Македонија го дели ова место со репрезентацијата на Косово. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде остануваат Аргентина, Бразил и Германија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Камерун со скок од +29 места се искачи на 33 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска од -13 места и се најде на 47 место. WebOhrid

повеќе...

Македонија остана на 162 место на ФИФА рејтинг листата

Според најновата ФИФА рејтинг листа, фудбалската репрезентација на Македонија остана 162 место. На врвот од ФИФА рејтинг листата останува Аргентина, пред Бразил на второто и Германија на третото место. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Руанда со скок од +9 места се искачи на 92 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Куба од -26 места и се најде на 151 место. WebOhrid

повеќе...