Објавен списокот на сениорската репрезентација за Евробаскетот 2015

Македонската Кошаркарска Федерација, по разговорите со селекторот Александар Џикиќ, го објавува поширокиот список на репрезентативци кои ќе бидат во комбинација за настап на Евробаскетот 2015.

На поширокиот список на Репрезентацијата кој е испратен до ФИБА се наоѓаат 24 кошаркари:

Владо Илиевски
Андреј Магдевски
Лестер Бо Мекејлеб
Александар Костоски
Димитар Караџовски
Димитар Мираковски
Војдан Стојановски
Дамјан Стојановски
Марко Симоновски
Дарко Соколов
Ивица Димчевски
Владимир Брчков
Бојан Трајковски
Стојан Ѓуроски
Ѓорѓи Чековски
Кирил Николовски
Перо Антиќ
Бојан Крстевски
Предраг Самарџиски
Ричард Хендрикс
Марјан Јанески
Љубомир Младеновски
Ненад Димитријевиќ
Андреј Маслинко

Подготовките почнуваат на 25 јули во Скопје, а до почетокот на Евробаскетот репрезентацијата ќе одигра поголем број пријателски натпревари со силни репрезентации во Охрид и Гевгелија во нашата земја, како и во Литванија и Шпанија на подготвителни турнири за континенталниот собир. Првата фаза на Евробаскетот 2015 што почнува на 5 септември, Македонија ќе ја игра во Загреб каде во групата ќе се сретне со Холандија, Грција, Хрватска, Словенија и Грузија.