Од 15-ти Ноември започнува законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска трае до 15-ти Март следната година.
Според новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, зимската опрема е задолжителна „во сообраќај на пат“, што подразбира и во населени места.
Што се подразбира под зимска опрема можете да прочитате во Правилникот за задолжителна опрема во возилото.