Летен џез караван во Охрид

Министерството за култура во соработка со општините, оваа година по 9ти пат ја организира манифестацијата „Топол културен бран“.

Како резултат на заложбите на општина Охрид за поголемо учество во културните настани и афирмација на Охрид како културен туристички центар во рамки на Манифестацијата, Секторот ТЛЕР при општина Охрид аплицираше со проектот „Летен џез караван“,кој се реализира во втората етапа од „Топол културен бран“.

Според програмата, денеска (22.08.2016) во Барот „Куба Либре“ со почеток во 21 часот на „Летниот џез караван“ ќе настапат Симон Киселички трио, гостин Мартина Блажеска, Sethstat.

Утре(23.08.2016) свој настап во Барот „Куба Либре“ со почеток во 21 часот ќе имаат Kabadayas и Гоце Стефкоски квинтет.

Се очекува ваквите активности да ја збогатат културната понуда на градот во летниот период, а истовремено да придонесат за надградба и културен континуитет со секојојдневни настани и промоции на туристичката понуда на градот.