Одржан Интернационален фолклорен фестивал „Спој на Традиционални и Модерни Игри“

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, на 9ти септември, во организација на ИФФОМ (Интернационални Фолклорни Фестивали, Охрид – Македонија) се одржа Интернационален фолклорен фестивал „Спој на Традиционални и Модерни Игри“.

Охрид беше домаќин на повеќе странски групи од различни држави.

На истиот учествуваа групи од Македонија, Србија, Бугарија, Полска и Романија. На фестивалот имаше околу 300 учесници кои продефилираа низ Охридските улици.