Се реконструираат улиците во стариот дел на Охрид

Согласно програмата на Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта, деновиве започна реконструкција на улицата „ Коста Абраш“. Поради изведувањето на градежните работи улицата времено е затворена за сообраќај.

Претходно беа реконструирани улиците „ Кузман Капидан“, „ Ангел Маринчев“ и „ Кочо Рацин“ .Градежните работи ги изведува фирмата „Бокоп“ , која по завршувањето на реконструкцијата на „ Коста Абраш“ ќе продолжи со работа на другите планирани улици.