Утре ќе се служи мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31ви март 2017 година (петок), во црквата „Успение на Пресвета Богородица Каменско – Охрид, со почеток во 17:00 часот, ќе се служи мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, (последен во Великиот пост), на Акатистот ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Исто така богослужби ќе има и во сите парохиски цркви.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко молитвено прославување.