Одиграно 27 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 27 коло од Првата Македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати:

Македонија ЃП  0:0  Шкупи

Пелистер  0:1  Шкендија

Работнички  3:1  Брегалница

Ренова  1:0  Победа

Силекс  0:1  Вардар

Сите денешни натпревари започнаа со едноминутно молчење – сочувство за Филип Лазаревски, младиот 15-годишен фудбалер на Академија Пандев, кој вчера трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа.

На врвот од табелата останува Вардар со 65 бодови, пред Шкендија на второто место со 54 бодови.

WebOhrid