Од понеделник заладување за пет до шест степени

Опаѓање на температурата за пет до шест степени се очекува од утре вечер кога Македонија ќе ја зафати влажен бран, проследен со поројни врнежи, грмежи и засилен северен ветер.

Како што информира УХМР, промената на времето ќе почне утре попладне и во вечерните часови, а на места ќе наврнат и над 25 литри дожд на метар квадратен.

Поројни врнежи и грмежи се очекуваат особено во северозападните и источните делови од земјава.

И во понеделник ќе има повремени врнежи дожд, најмногу претпладне. Кон крајот на денот и ноќта према вторник облачноста ќе се намалува, но ќе се задржи ветровито и посвежо. Утринските температури во вторник и петок идната недела некаде ќе паднат и под нулата, а максималните ќе се движат од 17 до 20 степени.

Извор: НетПрес