Јаховиќ во форма

Адис Јаховиќ постигна два голови во натпреварот кој неговиот клуб Гозтепе го доби со 3:2 против Адана.

Ова не беше само дуел на Гозтепе против Адана, туку и дуел помеѓу двајцата најдобри стрелци во лигата, Микаел Поте и нашиот репрезентативец Адис Јаховиќ. На само 5 кола до крајот од првенството Поте има постигнато 21 гол, додека пак Јаховиќ има постигнато 18 голови.

Имено, Јаховиќ важи за еден од нашите најдобри голгетери. И покрај тоа што не беше повикан за Македонската репрезентација во неколкуте последни репрезентативни дуели, Јаховиќ постојано е во голгетерска форма, а тоа го докажува неговото минато искуство во повеќе разни лиги и клубови каде секогаш беше на врвот од листите на стрелците.

WebOhrid