Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на охридскиот аеродром

Согласно програмата, но и со успешната соработка со родителите од училиштето учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид заедно со своите учителки од второ одделение го посетија Охридскиот аеродром.

При посетата учениците беа сведоци на слетување и полетување на еден авион, а притоа беа пречекани како патници, при што се запознаа и со пилотот на авионот.

This slideshow requires JavaScript.